Населението ни старее, а на огласите сѐ почесто се бараат негувателки за грижа на стари лица
Објавено во: Економија 16 Ноември, 2021
Ако ги погледнеме огласите за вработување, ќе видиме дека сѐ почесто се бараат жени за нега и грижа на стари и изнемоштени лица.
Во огласите е наведена возраста на лицата за кои се бара негувател, нивната здравствена состојба, дали се подвижни или не, условите за работа, дали негувателите треба со нив да бидат 8 или пак 24 часа, бројот на слободни денови во месецот.
„Има работа и сум работел на повеќе места во Скопје и Куманово. Денес нема ништо лесно, а мора да се работи“, раскажува Александар, кој чувал стари лица.
Жените кои со години се занимаваат со оваа работа, објаснуваат дека ако се сака, ништо не е тешко.
„Јас 10 години ја работам оваа работа, и досега сум сретнала само еден маж негувател, а сите други биле жени. Ако се има афинитет, оваа работа не е тешка. За работа се пријавуваат луѓе од цела Македонија, со тоа што почесто доаѓаат од источна и од јужна Македонија, и тоа во есенскиот и зимскиот период, оти станува збор за луѓе кои се занимаваат со земјоделство, и кога таа работа ќе заврши, чуваат стари лица, а во април, мај се враќаат во своите места. Има секакви случаеви од срцеви болни, до лица со мозочни удари, и лица со Алцхајмер, кои се најтешки за чување. И погрешна е перцепцијата дека нивните деца не сакаат да ги чуваат. Тоа не е точно, затоа што секој си има свој живот и мора да оди на работа. Се заработуваат од 15.000, 16.000 денари, па до 20.000 денари, или евентуално ако се работи за тежок случај, а семејството е богато, може да плати и до 400 евра. Сумата зависи од повеќе фактори, дали негувателот ќе биде 8 часа, 24 часа или дури и за викенди со лицето“, додава скопјанка која работи како негувателка.
Од агенциите за посредување при вработување велат дека ваков кадар се бара, но има и луѓе кои доставуваат своја биографија и сакаат да бидат ангажирани како негуватели.
„Обично за оваа работа се бараат луѓе во Скопје, но имаше и апликанти од Берово на пример кои сакаат да чуваат стари лица. Најчесто се пријавуваат жени на возраст од околу 50 години, кои веќе имаат искуство и се грижеле за стари лица. На пазарот на труд се бараат негуватели и тоа се забележува во последно време“, велат од скопска агенција за посредување при вработување.
Демографот Дончо Герасимовски објаснува дека веќе две декади во Македонија населението старее и тоа е евидентно. Според него, треба да се има в предвид дека наталитетот е во негатива, но и младите се иселуваат и со тоа во неколку општини имаме старо население. Тој акцент става и на руралните средини, каде бројот на млади е многу мал и доминира старото население.
„Треба да се види демографската карта на општините и да се креираат политики и стратегии од државата, локалните самоуправи, невладините организации, затоа што ќе имаме многу луѓе кои нема да можат сами да обавуваат широк спектар на обврски и нив ќе им биде потребна помош. Нема да можат сами да се грижат за себе, а дополнително имаме и лица кои се со инвалидитет или со посебни потреби“, рече Герасимовски.
Освен Македонија, и другите земји во регионот се соочуваат со стареење на населението. Според експертите, тоа ќе се почувствува во годините кои доаѓаат и ќе го влоши и квалитетот на живеење.
Сања Атанасовскафото freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.