19 Декември, 2025
0.0397

НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПУСТЕЦ СЕ „СТОПИ“: Eве што покажа пописот во Албанија

Објавено во: Македонија, Балкан 26 Август, 2024 18:59

Добивај вести на Viber

Драстично опаднал бројот на жители во Пустец. 

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во државата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите.

Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5.000 на над 1.880.

Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот „Монитор”. Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48 отсто, Пук со 44 отсто, Пустец и Рогожина со 43 отсто.

Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.

Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа  Дропул за 135 отсто, Химара со 45 отсто,  Саранда со 11 отсто. Во Тирана бројот на жители е поголем за 7,3 отсто. На пописот, се појави и бугарско малцинство во Албанија, односно дел од Македонците се изјасниле како Бугари поради тоа што добиле привилегии, бугарски пасоши, стипендии и слично. Македонците од Албанија обвинија за фалсификат. 

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот