07 Октомври, 2024
0.0283

„НАШЕТО ОПШТЕСТВО НАИВНО ВЛЕЗЕ ВО СТАПИЦАТА НА НАЦИОНАЛИСТИТЕ ВО БУГАРИЈА“: Реакција на поранешните членови на македонскиот тим во експертската комисија

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Мотивирани од последните настани во врска со Комисијата, кои беа проследени со неосновани изјави на Премиерот и претставници на Владата, како и со последователните обвинувачки и клеветнички текстови и настапи по некои медиуми, поранешните членови на Комисијата ја информираат јавноста за следново:

1.  Работата во Комисијата, која е експертско, а не политичко тело, за нас беше можност да се помогне во надминување на проблемите кои постојат помеѓу двете држави. Но, поради документите усвоени од страна на Владата во Софија (рамковната позиција и објаснувачкиот меморандум), неодговорното однесување на политичарите во двете држави, како и поради неодговорните и политизирани изјави на некои од колегите во бугарскиот дел од Комисијата и политички мотивираното заминување на новиот копретседател од македонска страна, таа беше злоупотребена за политички и партиски цели и интереси во двете земји. Во јавноста се наметна уверувањето дека Комисијата треба да биде тело во одбрана на „националните интереси“, докажување на „историски вистини“ и решавање на историографски прашања. Идејата дека Комисијата преку позитивните примери на слични комисии во Европа треба да помогне да се дојде до ослободување на наставата по историја од идеолошки и националистички влијанија кои очигледно ги држат во заложништво граѓаните и граѓанките на двете држави, беше целосно игнорирана. 

2. Дел од политичарите и од интелектуалците, а посебно историчарите, од лукративни и политички причини, но и од незнаење, ја прифатија реториката и пристапот на бугарската страна со што во јавноста, без никакви аргументи, беше наметнат впечаток дека Комисијата дискутира за идентитетот и дека прави ревизија на македонската историографија. На тој начин, нашето општество наивно влезе во стапицата на националистите во Бугарија и нивната намера да наметне дискусија за овие прашања низ призма на политички интереси. Со тоа, всушност, ја пропуштаме шансата да се отвори сериозна академска дебата во која ќе може отворено да дискутираме за минатото и надвор од влијанијата на политички групи кои изминатите децении профитираа од злоупотреба на историјата. Да се дебатира отворено е очигледно тешко за дел од македонската интелектуална јавност. 

3. Во минатото Комисијата беше постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа беше искористена за остварување политички цели. Тие напади продолжија до денес, а минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси согласно со неговите лични погледи. Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси. Тоа е неодговорно и несериозно и за еден премиер и за еден професор. Со иста порака е и коментарот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија од 5.9.2024 г., со кој Комисијата ја прогласи за политичко тело кое треба да штити стратешки надворешно политички позиции. На тој начин министерот кажа дека историјата и науката ќе бидат во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи. Тоа е позиција која ја посакува токму официјална Софија, односно за историјата да се дискутира низ призма на политиката, а притоа сета одговорност за таквиот пристап да е на македонска страна.  

На иста линија со изјавите на премиерот и неговите министри, во јавноста се објавија текстови кои се „обидуваат“ да ја дообјаснат политичката одлука на Владата со манипулации и невистини дека Комисијата „произвела“ два протоколи кои, всушност, се усвоени од Владите на двете држави; дека  членовите на Комисијата на 15. средба на која не е донесена никаква одлука, наводно, отстапиле од македонските црвени линии усвоени во Собранието во јули 2021 г., итн. Ваквата безобѕирна пропаганда која е далеку од професионалното и  одговорно информирање, всушност, придонесува уште повеќе за поделба на македонското општество.

4. На крајот, имајќи ја предвид сегашната состојба, неопходна е промена на методологијата во работата на Комисијата и вклучување експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ, нешто што ние го баравме постојано од првата средба на Комисијата која се одржа на 2 и 3 јули 2018 г. На тој начин ќе се создадат услови негативните политички влијанија да се тргнат настрана од работата на Комисијата.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил