16 Декември, 2025
0.0639

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

Лани 1.002 мажи од Македонија склучиле бракови во странство. Најголем дел од нив се венчале во европските земји и тоа во Швајцарија, Германија, Србија. 

Во 2024 година, во Германија се склучени 160 бракови со младоженци од Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). 


Базата со податоци на ДЗС покажува дека лани во Швајцарија тој број бил 183. Во Србија лани се склучени 120 брака со младоженци кои се од Македонија. Во Австрија имаме 53, во Косово 88, во Турција 51, во Словенија 43, во Бугарија 38, во Хрватска 62, во Италија 18, во Босна и Херцеговина(БиХ) 21, во Албанија 22, во Црна Гора 8, во Белгија 7 брака со младоженци од Македонија. Понатаму, во САД има 14 вакви бракови, во Обединетото кралство 2, во Австралија 3, додека во други европски и неевропски земји 109 младоженици од земјава стапиле во брак. Ако анализираме по општини, скопјани, тетовци, кумановци, гостиварци се најбројни меѓу оние кои се регистрирале во странство, додека од помалите општини како Свети Николе, Пехчево, Делчево, Пробиштип, Неготино, Берово, бројките лани се едноцифрени. Не е мала ниту бројката на стружани, кичевчани кои се венчале во странство. 


„Не само Албанци, туку и многу Македонци од Кичево се во странство. Заминати се во Швајцарија, Германија, Австралија, Италија, Америка, секаде ги има. Дури сега почнаа да заминуваат и во Белгија, Холандија, Малта, во земји каде порано поретко заминувале. Имам роднини во Швајцарија, но тие се венчаа тука“, вели жена од Кичево. 

Минатата година во странство се склучени 35 бракови со младоженци од Липково, односно 8 во Швајцарија, 4 во Германија, 7 во Косово, 9 во Србија, 5 во Австрија, 1 во Белгија, и 1 во друга европска или неервопска земја.

„Жители од липковско најчесто се венчаат во Германија, Швајцарија и Косово. Порано имаше бракови со луѓе од Албанија, но сега тоа се случува поретко“, вели Шабан Весели, претседател на месна заедница во Липково. 

Ако споредиме со 2023 година, тогаш имало поголем број на мажи од земјава што се регистрирале во странство и стапиле во брачна заедница. Станува збор за 1.153 според ДЗС. Во 2022 година, бројката изнесува 1.122 брака во кои младоженецот е од Македонија. Во 2021 година, имало 1.154 бракови со младоженци од Македонија кои се венчале во странство. Во 2020 година, статистиката покажува дека 729 мажи од земјава стапиле во брак во странство.  Во 2019 година, има 1.083 бракови на младоженци од Македонија во странство. Една година претходно, имало 1.295 бракови во кои младоженците се од нашата земја.


Во 2014, 2015, 2016 и 2017 година, исто така имало над 1.200 бракови склучени во странство со младоженец со место на живеење во Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар