Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, вели Николовски
Објавено во: Агробизнис 09 Март, 2022 16:48
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека српската забрана за извоз на пченица и пченка не важи за нас.
„Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини“, изјави денеска Николовски.
Вели дека интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се на праските, јаболката, тутунот и грозјето.
Србија од четврток го прекинува извозот на брашно, пченка, масло и пченица, најави претседателот Александар Вучиќ. Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.
Тој додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





