19 Декември, 2025
0.0664

НАСИЛНИКОТ ОД БИТОЛА СЕ УШТЕ Е ВО БЕГСТВО - ја киднапирал и тепал поранешната партнерка, за да се спаси посегнала по својот живот

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2025 12:29

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. 

Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. 

Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира - појаснуваат од обвинителство. 

Од ОЈО додаваат дека од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. 

Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. 

Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот