19 Декември, 2025
0.0413

НАСКОРО НОВА МЕРКА: Во одредени објекти ќе се влегува само со примени две дози вакцини, не е исклучена и можноста за задолжителна вакцинација

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2021 13:21

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Вилипче денеска изјави дека засега здравствените власти не размислуваат за воведување задолжителна вакцинација, но дека ваквата можност не е исклучена особено во некои сектори. Вели дека се ќе зависи дали досегашниот опфат на вакцинацијата ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

-Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано во градовите во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, нагласи Филипче.

Истовремено, министерот потенцираше дека наскоро би можело да биде воведена нова анти-ковид мерка, за што во вторник ќе дискутира Комисијата за заразни болести, а тоа се однесува на задолжителни две дози до вакцината против корона вирусот за да може да се влегува во одредени објекти каде е потребен сертификат за вакцинација.

-Ќе може да влегуваат само вакцинирани со две дози, наместо како досега само со една. Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна Филипче.

Инаку, според него не би требало да има силен бран на корона вирусот, но, како што рече, „тоа не значи дека не треба да сме внимателни и треба да ја следиме состојбата“.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните