НАСКОРО: СЕЕ Линк платформата ќе овозможи да тргувате на хрватските и бугарски берзи
Објавено во: Економија, Мои пари 17 Февруари, 2016
Наскоро секој македонски граѓанин ќе може да тргува на хрватските и бугарски берзи и да купува акции од нив, и обратно овие земји ќе може да тргуваат на Македонската берза.
Ова ќе биде овозможено преку платформата на СЕЕ Линк за тргување која што е објавена на веб страницата на СЕЕ Линк: http://www.see-link.net/
За тргување ќе бидат расположиви вкупно 387 хартии од вредност од кои 109 се котирани на Бугарската берза, 127 котирани на Македонската берза и 151 котирани на Загребската берза.
Ова значи дека и инвеститорите ќе може да тргуваат на нашиот пазар на капитал и да купуваат хартии од вредност, а македонските инвеститори пак ќе може да тргуваат со акции и обврзници котирани на берзите во Софија и Загреб.
СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основано во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза, со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Трите берзи имаат подеднакво сопственичко учество во заедничкото друштво. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која обезбеди грант за финансирање на електронски систем за пренасочување на налози и истиот се очекува да биде оперативен на крајот на првиот квартал од 2016 година.