Настава во училиштата треба да има, но кој модел ќе се избере: Комисијата за заразни болести и МОН ќе договараат по Илинден
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Сè уште нема прецизен модел за организирање на новата учебна година, но Комисијата за здравство на денешниот состанок дискутирала за ова, според нив, многу важно прашање. Велат дека генералниот став е дека треба учебната година да започне со физичко присуство на децата, но за да се организира образовниот процес мора претходно добро да се осмисли, за да одењето во училиште биде безбедно по здравјето на децата.
-Сметаме дека ова е навистина многу важно прашање и бара мултидисциплинарен пристап. По празникот Илинден очекуваме на состаноците на Комисијата за заразни болести да присуствуваат и претставници од Министерството за образование и наука, па заеднички да се договориме како би започнала новата учебна година. Ние сме задолжени за медицинскиот дел, а останатите треба да се погрижат за организацискиот. Во однос на ова, до сега сме разговарале за веќе познати модели на организирање на наставата, па според досегашните искуства од повеќе земји во светот, тоа би било сменско работење. Онаму, каде што има повеќе деца, на пример ако паралелките се од по 30 ученици, би имало дури и три смени, секако скратена настава и итврдени здравствени протоколи. Тоа подразбира одржување потребно растојание, редовна дезинфекција на училниците, задолжени контролори од страна на училиштата за мерење температура и носење заштитни маски. Сето ова навистина треба добро да се осмисли и да се организира безбедно одржување на наставата, вели д-р. Ангелчо Андоновски, член на Комисијата за здравство.
Тој потенцира дека свеста кај граѓаните е најважното нешто, бидејќи секое невнимание се плаќа со човечки животи. И покрај тоа што, како што вели д-р. Андоновски, карантинските мерки дадоа најдобри резултати, сега, во сред лето е бесмислено да се воведуваат такви строги рестрикции.
-Вирусот сега се чини дека е помалку агресивен, но според мене ова е некакво стивнување пред нова бура, затоа сите треба да работат на подигнување на сопствената свест, бидејќи само така може да имаме намалување на бројот на заразедните и секако намалување на бројот на смртните случаи во Македонија.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.