НАСТАВНИЧКИ БАРААТ ОД РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕ ОДЛУЧАТ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА: Дали ни се одзема изборот, прашуваат загрижено
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Дали е тоа притисок или молба...Вакви прашања поставуваат дел од родителите кои се обратија до редакцијата на Фактор, појаснувајќи дека се длабоко загрижени за однесувањето на одделенските наставнички кои во овој период побарале од нив да се изјаснат дали нивните деца кои се на возраст од прво до трето одделение, ќе ја посетуваат наставата со физичко присуство или пак ќе ја следат онлајн. Имено, во едно од основните училишта во Карпош, но и во останатите скопски општини, откако биле направени групи на учениците, (дел да одат во училиште, дел да имаат онлајн настава) преовладувал бројот на оние кои ќе останат дома, по што одделенските наставнички почнале да ги „замолуваат“ родителите со напомена да не се дели одделението, и тие да го променат мислењето, па наставата целосно да се одвива по електронски пат.
-Оваа воопшто не е фер. Како може наставничката да бара до мене да не ја пуштам својата ќерка во училиште кога имам право на избор. Веќе е одлучено како ќе започне учебната година, па сега дури и ние кои имаме право да бираме, се бара од нас да го промениме ставот и мислењето и да се одлучиме за учење од далечина. Секако на почетокот тоа беше молба, но сега начинот почнува да станува и малку дрзок. Дури и моќно се влијае на нашето мнение со тоа што се укажува дека хигиената во училиштето не е на највисоко ниво, дека постои опасност од мешање меѓу децата, дека едно да кивне може да се заразат сите во училницата. Па што се правеше цело лето. Зошто барем не го варосаа училиштето, дезинфекција како што треба. Навистина ова е дури и безобразно. Сепак, јас како родител, кој секогаш, на прво место го става здравјето на своето дете сметам дека доколку се почитува се што е предложено од страна на здравствените власти, ризикот од зараза со корона вирусот е минимален. Во училницата би биле околу седум деца и тоа најмногу од 8 часот наутро до кај 11. Ова што го прават наставничките е вистински притисок и уште се бунтуваат кога ќе им се спомне дека ја земаат платата за седење дома. Нива работа е да ги научат децата, а не да ни кажуваат да изберем онлајн настава, револтирано вели мајка на ученичка во второ одделение, која во разговорот го кажа и името на наставничката и училиштето, но замоли за сега да не го објавуваме.
Истовремено, родители од скопската општина Кисела вода добиле само анкета со три прашања:
1. Колку од учениците потекнуваат од семејство со самохран родител?
2.Колку од учениците потекнуваат од семејство со еден вработен родител?
3.Колку од учениците потекнуваат од семејство со два вработени родители?
Велат дека се уште нема ништо конкретно во однос на правење списоци кој ќе оди во училиште, а кој ќе биде пред компјутерот дома, но сметаат дека ваквата анкета е сосема безначајна.
-Зошто прашуваат дали само едниот родител работи. Не значи ако јас или мојот сопруг сме останале без работа дека треба да не го пуштиме нашиот син кој сега треба да биде трето одделение во училиште, само затоа што некој од нас е дома. Се знае каде може подобро да се научи. Второто полугодие беше доказ за тоа колку лошо беше организирана наставата и колку ништо, ама баш ништо не научија децата. Еве сега гледате дека и средношколците се бунтуваат и со право. Има деца кои сакаат квалитетно образование, ова кај нас е подолу од дното. Затоа сме таму каде што сме, остро реагира И.О., мајка на осумгодишен син од Кислеа Вода.
Во однос на овие проблеми со кои се соочуваат голем број родители, Фактор побара одговори од Министерството за образование и наука, од каде велат дека во ниту еден момент одделенските наставници не смеат да бараат од родителите да се одлучат за онлајн настава, ако нивниот избор е да одат во училиште, па и обратно.
-Доколку е навистина така, волјата на учениците и родителите за одреден начин на следење на наставата, не смее да биде попречена. Така што, за остварување на права од областа на образованието надлежен е Државниот просветен инспекторат каде може да се доставуваат соодветни претставки, велат за Фактор од МОН.
Инаку МОН не одговори на прашањето од Фактор, дали доколку ги објавиме имињата на основните училишта и имињата на одделенските наставнички ќе следуваат казнени мерки, но беше напоменато дека дури и во случај само еден родител од целото одделение да се определил за настава со физичко присуство, наставникот е должен целосно да се посвети на образовниот процес во училница.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.