НАТО одреди претставник во преговорите со Македонија
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018 12:44
По добивањето на поканата од страна на НАТО, Џејмс Мекеј е одреден да биде главен претставник на Алијансата во пред-пристапните преговори со Македонија.
Станува збор за административец од одделот за политички и безбедносни прашања во НАТО
Се очекува тој прв пат да ја посети Македонија до крајот на месецов.
Висок извор за Алсат М наведува дека претпристапните преговори со НАТО може да се сметаат како започнати од моментот на добивање на поканата за членство.
Според праксата со најновите членки примени во НАТО (Црна Гора, Албанија, Хрбатска) се очекува преговорите да завршат најдоцна до март 2019 година, до кога Македонија ќе треба да го финализира договорот со Грција,.
Членките на НАТО би започнале со ратификацијата на протоколот за пристапување.
Целокупниот процес на пристапување, се очекува да биде завршен во рок од 18 месеци.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




