НАТО веќе не ја смета Русија за партнер
Објавено во: Свет 01 Мај, 2015 09:45
"НАТО веќе не ја смета Русија за партнер", изјави за новинарите во четвртокот командантот на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав.
"Во текот на 20 години големината на силите во Европа беше планирана за ситуација во која ние гледавме на Русија како на партнер. Го намаливме бројот на нашите сили со повеќе од 75% од времето на Студената војна наваму. Сега гледаме дека Русија демонстрира, дека не е партнер ", додаде тој.
Претходно во четвртокот, кога зборуваше во Сенатот на САД, Бридлав изјави дека каналите за комуникација помеѓу военото раководство на НАТО и Русија остануваат, но ретко се користат.
На позадината на несогласувањата со НАТО поради Украина, Русија забележа нагло зголемена активност на НАТО во близина на своите граници, а НАТО пак ја најави за "необична" активноста на руската армија.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




