Научете ги овие нешта и вашиот бизнис план ќе го направите достоен за инвестирање
Објавено во: Финансии 14 Мај, 2017 11:28
Било кој од овие скрупули во крајна линија може да го тргнат на страна вашиот стартап како недостоен за инвестирање.
Текстот е оригинално напишан од Мартин Звилинг, стартап ментор, блогер, автор, технолошки професионалец, инвеститор и основач и извршен директор на Startup Professionals, Inc.
Претприемачите кои бараат да привлечат инвеститори треба да развијат и продадат план - по можност писмено - кој дава одговор на сите прашања на секој потенцијален инвеститор за вашиот стартап пред тие да бидат поставени. Можеби сте брз со одговорите стоејќи на нозе, но ако инвеститорите треба да постават било кое од овие прашања, го кревате спектарот на криење нешто или дека не сте доволно остроумен за да знаете што е важно.
Било кој од овие скрупули во крајна линија може да го тргнат на страна вашиот стартап како недостоен за инвестирање, затоа вреди да си ја завршите вашата домашна задача за она што ќе го кажете и како ефективно да комуницирате. Пожелно е да спремите материјал со околу 10 слајдови поткрепени со напишан бизнис план од околу 20-на страници, при што и двете работи содржат квантифицирани одговори на следните клучни прашања.
1. Кој е бизнис проблемот кој го решавате?
Ова може да изгледа очигледно, но се уште има премногу "решенија во потрага по некој проблем." Само затоа што вашата технологија е возбудлива и потенцијално десруптивна не значи дека сте подготвени да изградите бизнис. Инвеститорите сакаат да слушнат за клиенти со пари кои имаат болен проблем кој вие можете да го решите сега.
2. Кое е вашето конкретно решение и вредносен предлог?
Инвеститорите се во потрага по концизен опис на вашиот производ или услуга без технички жаргон или нејасни маркетинг термини со вредност измерена во однос на клиентите. Ова е исто така местото за првпат да се споменат патенти и било кои други диференцијатори кои ве ставаат пред конкуренцијата.
3. Колку е голем и растечки вкупниот пазар и таргетираниот сегмент?
Инвеститорите ќе бидат во потрага по големина, потврдена од страна на аналитичари од конкретната индустрија, доволно голема за добар инвестициски поврат. Тие сакаат пазари од милијарди долари со двоцифрена стапка на раст. Тие очекуваат да видат фокус, како и доказ дека вашите податоци се базирани на пазарно искуство и експертиза.
4. Како вашиот бизнис модел прави пари?
Добри каузи како што е храна за гладните во светот можат да му помогнат на вашиот маркетинг, но не можат да одржат бизнис. Бизнис моделот треба јасно да дефинира кој е вашиот клиент, очекувана пенетрација на пазарот, колку клиентите плаќаат наспроти вкупните трошоци и инвестицијата потребна за да се одржи паричниот тек.
5. Кои се вашите конкуренти и како ќе победите?
Секое ново понудување има конкуренција и алтернативи, затоа не е кредибилитетно да тврдите дека нема конкуренти. Именувајте ги првите три од нив и презентирајте ја вашата одржлива предност, како и бариерите за влез на нови стартапи. Не ги деградирајте конкурентите, но искористете ги нивните специфики за да ги потенцирате вашите предности.
6. Кои се вашите специфични маркетинг и продажни планови?
Овде веќе се очекува да покажете временска рамка за ширење, со конкретни одредници и партнерства. Треба да идентификувате детали за цените, продажните канали, стратешки партнери и прилагоден маркетинг план во конзистентност со вашата индустрија и таргетиран сегмент. Потенцирајте елементи на тракција кои веќе ги имате.
7. Како е вашиот тим уникатно квалификуван за овој потфат?
Тим вреден за високи инвестиции има претходно искуство во истиот бизнис домен, како и криденцијали и вештини во нивните улоги. Инвеститорите инвестираат повеќе во луѓето одколку во идејата. Како тим, тие ги покриваат сите потребни клучни вештини. Вклучете квалификации за член на советодавниот одбор и клучни индустриски контакти.
8. Колку е големо барањето за финансирање и колку капитал ќе дадете?
Бидејќи инвеститорите купуваат дел од вашата компанија (не вашиот производ), ова е најважното прашање и е такво кое е често неодговорено. Оправдајте ги барањата за финансирање, користење на средствата и наведете моментална проценка на вреднувањето. Измерете ги основачките инвестиции, како готовинските така и трудовите (sweat-equity).
9. Кои се вашите предвидувања за приходите, расходите и готовинскиот тек?
Предвидувањата се оценети како ниво на посветеност и мерка за вашиот бизнис такт. Бројките треба да бидат агресивни, но не ирационални, базирани на големината на пазарот и условите.
10. Колку и кога предвидувате дека инвеститорите ќе добијат исплата?
Технички, ова е вашата стратегија за излез, обично спојувања и превземања или иницијална јавна понуда на акции. Ако не планирате ликвиден натан, нема да најдете голем број на заинтересирани инвеститори. Најдете споредлива компанија за да покажете потенцијална продажна вредност и враќање на инвестицијата.
Најдобрите одговори не се оние најдолгите или оние со најмногу графикони. Сериозните инвеститори кои слушнале 1.000 понуди и прочитале стотици планови се најмногу импресионирани од основачите кои ги даваат вистинските поенти во најкраток временски период со најмалку поттурнување. Единственото прашање што сакате да го слушнете е - "Колку брзо може да се вклучам?" А тоа и не е така тешко.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





