НАУЧНИЦИТЕ ИСТРАЖУВААТ: Зошто дебелите луѓе имаат потешка форма на Ковид - 19?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Септември, 2020
Дебелината e причина за потешка форма на Ковид-19.
Лекарите забележале дека многу луѓе со прекумерна тежина се наоѓаат меѓу сериозно болните од коронавирусот, пишуваат американските медиуми.
Научниците сè уште се обидуваат да утврдат зошто е тоа така.
Постојат сè поголеми докази дека самата дебелина ја зголемува веројатноста за појава на посериозни компликации од коронавирусот, објави „Н1“.
Студија во која учествувале повеќе од 5.200 заразени, а меѓу нив 35 проценти биле лица со прекумерна тежина, покажала дека веројатноста за хоспитализација се зголемува со повисокиот индекс на телесна маса (БМИ) дури и кога ќе бидат одземени други состојби што ги ставаат лицата со прекумерна тежина во поголем ризик.
Екстремната гојазност, кога БМИ е поголем од 40, особено ја зголемува веројатноста за развој на најтешките форми на Ковид 19.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.