24 Ноември, 2024
0.0275

НАУЧНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Колку е опасен „индискиот мутант“ и дали вакцините се ефикасни против новата варијанта?

Објавено во: Свет 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека варијанта на корона вирусот, за која се верува дека предизвика епидемија во Индија, е откриена во примероци во 17 земји.

-Варијантата Б.1.617 е откриена во повеќе од 1.200 вирусни секвенци внесени во базата на податоци на ГИСАИД од најмалку 17 земји, соопшти СЗО. Повеќето секвенци се од Индија, Велика Британија, САД и Сингапур, информирта СЗО.

СЗО неодамна ја забележа варијантата Б.1.617, која вклучува неколку субваријанти со малку поинакви мутации и карактеристики, како „варијанта на интерес“, но, сè уште не ја прогласува за „загрижувачка варијанта“ што би значело дека е поопасна од оригиналната варијанта на корона вирусот бидејќи, на пример, се шири побрзо, посмртоносна е или поотпорна на вакцината.

СЗО, сепак, призна дека прелиминарните анализи покажуваат дека „Б.1.617 има побрза стапка на ширење отколку другите варијанти во Индија што укажува на потенцијално поголема зараза“.

Се додава дека другите варијанти на корона вирусот во циркулација во Индија покажуваат знаци на поголема зараза, па затоа комбинацијата може да игра улога во моменталниот интензитет на епидемискиот бран во земјата.

Мутацијата Б.1.617 во моментов е означена како „под истрага“. Ако овој вид се покаже дека е поинфективен или поотпорен на нашиот имунолошки одговор, тогаш тоа ќе се нарече „загрижувачка варијанта“.

Експертите се малку загрижени затоа што оваа верзија содржи две мутации на S протеинот (S - шип, скок) што може да ја зајакне неговата способност да го избегне нашиот имунолошки одговор. Мутацијата L452R може да му помогне на вирусот да избегне некои антитела формирани по вакцинацијата, додека E484Q има сличности со мутацијата E484K што овозможува јужноафриканската варијанта да стане малку отпорна на вакцините.

Сепак, научниците веруваат дека вакцините ќе бидат ефикасни и против индискиот сој во смисла на спречување на тешкиформи на болеста и во смисла на забавување на ширењето на инфекцијата, пишува Би-Би-Си.

За повеќето луѓе, вакцините можат може да придонесат инфекцијата да биде без или само со благи симптоми и во ниту еден случај да не завршат во болница со можност за смртоносен исход, вели вирусологот Џереми Камил од Универзитетот во Луизијана.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?