29 Март, 2024
0.0270

НАУМОСКИ ЗА ФАКТОР: Потребни се брзи мерки, во спротивно се создава агонија и паника

Објавено во: Економија 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

За да им се помогне на компаниите во време на криза, неопходно е да се носат брзи мерки, и да не се чека предолго, вели за Фактор Сашо Наумоски, директор на прилепска „Витаминка“.

Тој објаснува дека поради коронакризата, првичниот шок за нивната компанија, бил голем.

„Морам да потенцирам дека првичниот шок беше голем, пред се, немаме искуство со работа во вонредна состојба. По донесувањето на препораките на Владата, како компанија се соочивме со  потреба од комплетна реорганизација поради недостаток на вработени, бидејќи повеќе од 10 отсто заминаа дома. Ја укинавме работата за викенди, ги затворивме погоните од кои имавме залихи на готови производи за еден месец. Со успешната реорганизација успеавме да постигнеме реализација на нормален месец, односно резултатите беа исти како март минатата година. Забележително беше  зголемена продажба кај маслото за јадење, што е резултат на забрана за извоз од Србија, а второ поради вонредната состојба, купувачите, како што знаете самите, правеа залихи. Голема помош имавме од вицепремиерката Мила Царовска во поглед на мерките кои се преземаа за возачите непречено да го спроведуваат транспортот како на производи, така и на суровини од странство. На овој начин ни се овозможи непречено да носиме сирово масло од Бугарија, каде не е забранет извозот за нас. Добрата реорганизација и големото залагање на нашите вработени во фабриката за масло, успеавме да одговориме на барањата на нашите купувачи и маслото “Брилијант“ во секој момент го имаше на полиците“, објаснува Наумоски за Фактор.

Тој се надева дека новонастаната ситуација со КОВИД-19 ќе помине брзо и ќе се нормализира начинот на живот, а со тоа и секојдневните обврски на секој од нас.

За мерките кои вчера ги презентираше Владата за економската криза, Наумоски вели дека во овој момент не може да даде оценка за мерките на владата, со оглед на тоа што никој од нас нема искуство во ваква ситуација. 

„Не верувам дека има некој кој би знаел да каже што е најпаметно. Може тоа да се види и од мерките во регионот. Ако имаше унифицирано решение за проблемите сите ќе имаа слични или исти мерки, а во регионот секоја држава носи различни мерки. Секако е повеќе од добро да се носат мерки, треба брзи мерки и да не се чека долго. Ако се зголеми времето на чекање, тоа носи состојба на агонија, а таа ја зголемува паниката во бизнисот“, објаснува Наумоски.

Во моментов во „Витаминка“ внатрешно се реорганизирале, ги менаџираат залихите, кои за речиси сите производи ги имаат за повеќе од три нормални месеци, ја зголемиле телефонска комуникација со сите купувачи, за да можат соодветно да одговорат на потребите на пазарот. 

„Се надеваме дека нема да имаме проблеми со транспортот, пред една недела заминаа наши производи за Норвешка, Белгија, Шведска, Швајцарија... и немаше проблеми. Владата мора да не следи и брзо да реагира околу транспортните проблеми, како за извоз, така и за увоз на сировини и репроматеријали“, објаснува Наумоски.

Додава дека во ова „невреме“, каде секој од нас стравува за својот живот, добро за сите нас е да се увериме колку е важно домашното производство. 

„Колку се важни домашните македонски компании. Ние сме тука, и во добро и во лошо. Немаме друга земја да се грижиме за неа! Сите заедно тука, ја делиме истата судбина, се грижиме за нашите најблиски, за нашите роднини, вработени, соседи, сограѓани. На прв ваков проблем некои земји, чии  производи се застапени кај нас, ги затворија границите за брашно, масло, шеќер, лекови... без нималку грижа. Ние до крај ке се трудиме, да ги задржиме сите вработени, да не намалиме плати, да немаме пад на приходи, за да не дојдеме во ситуација да аплицираме за помош“, нагласува Наумоски за Фактор.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра