Наумов: Миноски изминативе 7 дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
„Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството за финансии. Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра“, соопшти дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со аукцијата на државни хартии од вредност.
„Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше“, додава Наумов.
Владата се задолжи за нови 31,8 милиони евра кај домашните кредитори на денешната аукција на државни хартии од вредност. Од Министерството изјавија дека вчера во стопанството се вратени 29 милиони евра по основ на доспеани за исплата државни хартии од вредност, додека утре по истиот основ Владата ќе се раздолжи со 1,8 милиони евра.