19 Декември, 2025
0.0493

НАВАЛА ОД ТУРИСТИ ВО ОХРИД: На социјалните мрежи се споделуваат слики од хаосот

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2023 11:58

Добивај вести на Viber

Престојните празници и летните горештини го наполнија Охрид и ривиерата со гости. Традиционално, Охрид шпицот на туристичката сезона го достигнува токму за празникот „Илинден“, така што градот и туристичките населби повторно наликуваат на подобрите сезони кога во градот се бараше легло повеќе.

Плажите на езерото се полни со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители. Најмногу странски туристи има по т.н. кружни тури, кои секојденвно го запоседнуваат Стариот дел на Охрид при обиколка на културно-историските споменици и најатрактивните локалитети низ градот. 

Убедливо најбројни странски туристи во Охрид оваа сезона се оние од Турција, но најчесто тие во градот се само на ден, два. Организирано во Охрид оваа сезона летуваат најмногу туристи од Полска, Холандија и од соседните земји.

За дополнителна посетеност секако придонесуваат и бројните културни настани и забавни содржини, концерти што традиционално се организираат околу Илинденските празници. 

Зголемена е и фреквенцијата возила, се создаваат тесни грла во одвивањето на сообраќајот, тесните градски и приградски улици и патишта тешко го примаат тој огромен наплив возила така што кон и од плажите се вози бавно и во колони.

Она што е карактеристично речиси за секоја летна туристичка сезона е некоректниот однос на дел од гостите кои своите возила ги паркираат надвор од пропишаните места за да не платат паркинг, како и неводењето сметка за хигиената и фрлање отпадоци насекада, по улиците, парковите, па и во езерото. 

Екипи на градските комунални претпријатија секојневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето, но сепак останува впечаток дека генерално свеста за потребата од грижа за околината е на незадоволително ниво. 

Викендов, на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од Охрид и охридските улици, каде владее вистински хаос.




ФОТО:МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот