Навали војско, порција по НАТО стандарди за само 5 евра! Кој ќе спреми 1,2 милиони војнички оброци за 6 милиони евра?
Објавено во: Економија, Македонија 13 Март, 2024
Македонската војска ќе се храни за 5 евра оброк и при тоа ќе добие супа, главно јадење со салата и десерт. На цената може да позавидиме затоа што во ресторан таа понуда за тие пари е мислена именка. Но математиката е друга кога се сервисираат 1,26 милиони оброци во една година. А за да се постигне тоа и да се задоволат бараните стандарди треба знаење, умеење и логистика. Очигледно е дека „Далма Фоод“ во острата конкуренција на кетеринг гиганти дала понуда што не се одбива. Затоа што понудила листа на која има дури 36 вида на главно јадење, 12 вида салати, 9 различни супи и и исто толку десерти!
Министерството за одбрана ќе плати 6 милиони евра за 1,26 милиони оброци односно ручеци за потребите на војската и на вработени во Министерството за одбрана. Тендерот го доби познатата фирма за кетеринг „Далма Фоод и кетеринг сервис“ која во конкуренција на три компании од оваа дејност дала најдобра понуда која ги задоволува НАТО стандардите за прехрана на нашата армија.
„Далма Фоод“ треба да подготви 1,26 милиони оброци односно ручеци кои содржат супа, главно јадење со месо, салата и десерт. За секој ручек односно војнички оброк Министерството за одбрана ќе плати 5 евра со вклучен ДДВ ќе плати 4,8 евра односно 290 денари.
Според договорот е предвидено „Далма Фоод“ во работен ден да е во можност да прими и да испорача нарачка на до 6.000 оброци, а во викенд денови да испорача до 1.000 оброци.
При тоа „Далма Фоод“ има обрвска да обезбеди садови, прибор за јадење, хартија за бришење и да го достави или да го послужи секој оброк за нашата војска и за вработени во Министерството за одбрана. При тоа храната ќе се доставува на повеќе од 20 локации ширум земјава кои се наведени на листата достапна во договорот за јавна набавка и придружната документација достапна на овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/150e5b54-ff48-4e78-a54b-8a77ddd4a638
Од увидот во понудата на „Далма Фоод“ се гледа разновидна исхрана за потребите на војската која декларативно ги исполнува нутирциските пропишани стандарди. Секако меѓу понудените оброци е и незаборавното војничко гравче кое го памти секој читател што служел на својата држава независно дали тоа била АРМ или поранешната ЈНА.
„Далма Фоод и кетеринг сервис“ е основана 2010 година и е правен субјект со средна големина. Регистрирана е за кетеринг услуги односно за доставување храна и пијалоци. Основана е со влог од 5.000 евра. Според најновите податоци кои се однесуваат на работењето во 2022 година ова друштво вработувало 142 лица, а приходите од работењето изнесувале 3,26 милиони евра. Добивката за таа година изнесува 27.000 евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.