Назначен нов директор на Државна кардиохирургија на местото на Сашко Јовев
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2023 14:36
Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, на местото на професорот Сашко Јовев, кој пред две и пол недели под контроверзни околности беше разрешен од Фатмир Меџити, министерот за здравство.
Шокаровски е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање и супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област. Раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.
„Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгрес“, објави МЗ.
Меџити кога го разреши Јовев рече дека ќе му остави простор на коалициониот партнер СДСМ да предложи ново решение за директорската функција.
Истовремено МЗ известува дека за нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи. Изминатиот период медиумите известија дека неговиот претходник Гани Фетаи си поднел оставка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




