05 Декември, 2025
0.0358

НБРМ не ја бендиса парцелата за новата зграда, ќе бара нова!

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2012 14:53

Добивај вести на Viber

Ниту едно од решенијата што стигнале до комисијата на Народната банка на Република Македонија не ги исполнило барањата за изградба на нов функционален објект којшто ќе ги задоволи сегашните и идните потреби на банката. Затоа, соопштуваат од НБРМ, изготвена е проектна задача и објавен анонимен конкурс за изработка на идејно решение за новиот објект на оваа институција. „Трудовите коишто беа доставени не понудија објекти што се препознатливо архитектонски проектирани и дизајнирани со современи конструктивни системи. Во понудените решенија нема архитектура со  еден похрабар концепт, современа технологија, богат колорит и материјали, ниту пак архитектура што ќе дава посебен дух и белег на плоштадот Македонија и на пошироката околина на центарот на Скопје. Понудените проекти, во однос на катастарската парцела на којашто треба да се изгради објектот, не дадоа решенија поврзани со барањата за сообраќај и пристап до објектот, заштита од пожари, безбедност и енергетска исплатливост“ стои во заклучоците на деветчлената комисијата составена од професори и академици од областа на архитектурата, градежништвото и уметноста. Од Народната банка соопштуваат дека ќе ја вратат доделената парцела и ќе побараат нова којашто би била посоодветна на нивните потреби.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“