20 Мај, 2024
0.0390

НБРМ со детали за придобивките од новиот канал за прекугранични плаќања во евра

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

На 22 и 23 јануари 2018 година во просториите на Народната банка на Република Македонија беше одржана презентација за новиот канал на прекугранични плаќања во евра пред претставници на околу 100 домашни компании кои имаат значаен обем на надворешнотрговска размена.

Имено, од почетокот на 2017 година, во Народната банка започна да функционира новиот канал за прекугранични плаќања во евра, преку остварената врска на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) со платниот систем ТАРГЕТ 2 (Trans-European Automated Real-time Gross settlement Express Transfer system) на Евросистемот. Реализацијата на овој капитален проект претставува втора генерација реформи во делот на платните системи, а значеше остварување на препораката за создавање алтернативен канал за плаќања во евра, согласно со ИПА-проектот „Оцена на потребите на НБРМ“, спроведен од страна на претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите членки на Европската Унија. Крајната цел на овој проект е да се намалат трошоците за извршување на прекуграничните плаќања во евра и да се скуси времето на извршување на трансакциите.

На презентацијата, компаниите се запознаа со придобивките од новиот канал за прекугранични плаќања во евра, односно како можат да извршат поевтини, брзи и сигурни плаќања во евра. За пошироко промовирање и користење на овој нов платежен канал, Народната банка изработи флаер со детални информации за начинот на кој компаниите и физичките лица можат да ги извршуваат плаќањата во евра. 

Народната банка и во следниот период силно ќе биде посветена на промовирањето на новиот канал за извршување на прекуграничните плаќања во евра со цел поблиско запознавање на корисниците на платежни услуги со придобивките од неговото користење. 


Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген