НДМ побара од Заев ветување за истрага на масакрите во Вејце, Карпалак и Љуботенски пат
Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 16:30
Народно движење за Македонија изразува крајна вчудоневиденост од вчерашната најава на Заев при промовирањето на неговата програма дека ќе ги испитува само случаи како што се Дива Населба, Сопот, Бродец… а за кои се заинтересирани од ДУИ со оглед дека македонските Албанци немале верба во македонското правосудство.
Оттука. НДМ го повикува Зоран Заев да ја прошири и надгради својата програма со ветување дека ќе ги расчисти случаите за кои се заинтересирани и Македонците како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кој бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Дотолку повеќе, овие случаи и понатаму остануваат мистерија бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истарга за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја од страна на терористичката ОНА сега камуфлирана во политичката партија ДУИ.
НДМ повикува на одговорно однесување и силно го охрабрува Заев да вети дека ќе ги отвори и Карпалак, Вејце и Љуботенски пат како случаи кои се од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Република Македонија, бидејќи, не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на македонските бранители останува неразјаснета“, се вели во соопштението на НДМ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




