НЕ БАРААТ, НИТУ САКААТ ДА НАЈДАТ РАБОТА – зошто толку многу граѓани остануваат неактивни на пазарот на труд
Објавено во: Економија 21 Март, 2024
Дали стапката за невработеност е доволен показател за активноста на мнозинството граѓани на пазарот на труд во земјава. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година сме имале 13,1 отсто невработеност во земјава.
Иако податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека има раст на невработените, поточно на лицата кои бараат работа во последниве три месеци, бројките на статистичарите укажуваат дека не само што имаме лица кои бараат, а тешко доаѓаат до работа, има и голем број сограѓани кои воопшто и не работат, но ниту пак бараат работа. Дали тоа се должи на фамилијарните услови, на неможноста да најдат работа, на лошите работни услови низ кои поминале, или други фактори треба дополнително да се анализира.
Она што покажуваат бројките на ДЗС е дека во домашната економија се вклучени мал број сограѓани, во споредба со вкупниот број на граѓани.
Па така, ако се погледнат податоците на Државниот завод за статистика, ќе се види дека меѓу граѓаните кои се на возраст од 20 години, па се до 64, кога е границата за пензионирање има 1.095.787 граѓани кои се работоспособни. Притоа од таа бројка, активни на пазарот на труд се само 777.050 граѓани.
Од нив вработени се 676.462 лица, додека пак невработени се 100.588 невработени.
Останатите, односно разликата меѓу работоспособни и активни на пазарот се неактивните граѓани, кои достигнуваат до високи 318.737 граѓани.
Бројките покажуваат уште поголем број граѓани во категоријата неактивни, доколу се земат другите категории кои статистичарите ги пресметале. Имено во најновата анализа за активност на граѓаните, издвоени се повеќе категориии со кои се дефинираат бројките на вработени и невработени граѓани во земјава.
Па така, ако се поголеднат податоците за вработеност на граѓаните на возраст од 15 години, па се до границата за пензионирање, или поточно 64 години, тогаш во категоријата работоспособни влегуваа 1.198.386 лица, од кои 783.444 се активнина пазарот на труд. Од оние кои се вклучени на пазарот на труд, вработени се 680.174 граѓани, ддоека невработени се 103.270 лица. Но, бројот на неактивни во овој случај е многу поголем и достигнува дури 414.942 лица. Растот на неактивните граѓани може да се каже дека е очекуван, со оглед на фактот дека во Македонија до 18 години младите се уште се опфатени во образовните програми, поточно се уште се на возраст кога се посетува средното училиште, па најголем дел на лицата од 15 до 18 години се во некоја училишна установа.
За да бидат појасни работите, ДЗС објавува податоци и за лицата од 15 до 24 години, кога голем дел од младите или се во средно училиште, или пак, на факултет. Тука бројките откриваат дека на оваа возраст имаме 208.950 лица, од кои само 56.203 лица се активни на пазарот на труд, од кои 39.719 се вработени, додека 16.484 се невработени. Меѓу младите, најголемиот дел, или 152.747 лица се неактивни, односно не работат, ниту пак бараат работа.
Податоците на статистичарите откриваат дека бројот на неактивни граѓани во земајва е значително поголема ако се земат предвид граѓани на возраст од 15 па се до 89 години, која всушност и е вообичаена група за анализа. Тука неактивни се дури 723.459 граѓани. Притоа вкупниот број на работоспособни меѓу нив достигнува 1.515.107 граѓани, а од нив само 791.647 се активни на пазарот на труд. Притоа вработени се 688.296 лица, додека невработени 103.351 граѓани.
Подетални податоци за разликите меѓу враобтените и невработените, но и оние кои воопшто не бараат работа може да ја видите во следната табела:
Податоците говорат дека и понатаму поголем дел од неактивните лица на пазарот на труд се жените. Фактот дека поголем дел од жените остануваат дома, наместо да работат не е новина, а најчеста причина за отсуство од пазарот на труд се патријахалните вреднувања во домот, потребата да се грижат за деца или пак за повозрасни членови од семејството.
Бројките говорат дека од вкупно работоспособни жени во нашата земја, кои достигнуваат 770 илјади, неактивни на пазарот се дури 440.453 жени. Но, бројките покажуваат дека на возраст од 20 до 64 години од 547.343 работоспособни жени, 222.344 се неактивни. Голем дел од жените кои се опфатени во вкупниот број на работоспособени жени, се и оние на возраст над 65 години, од кои голем дел очекувано се во пензија. Во оваа категорија спаѓаат 172.782 жени, од кои 2.708 се вработени, додека 170.073 неактивни.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска неодамна укажа дека поголемото учество на жените во претприемаштвото може да го зголеми глобалниотт економски раст од 5 до 6 трилиони долари. Истакна дека поголемата вклученост на жените во општеството носи бројни придобивки, но дополни оти има многу предизвици, имајќи предвид дека учеството на жените во работната сила е само околу 43 отсто (на мажите околу 62 проценти), што покажува голем неискористен потенцијал.
- Глобалниот извештај за родов јаз од 2023 година покажува дека од 146 земји, ние сме рангирани на 108 место, кога станува збор за економското учество и можностите на жените. Според овој извештај, учеството на компаниите со жени на лидерската позиција е околу 20 отсто, а сличен е и процентот на компаниите во чијашто сопственичка структура преовладуваат жените. И во финансискиот сектор податоците не се задоволителни. На пример, кај банките само 31 процент од вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема жени во раководните органи на банката - посочи гувернерката.
Бројките исто така покажуваат дека и понатаму најголем дел од вработените граѓани се опфатени во преработувачката индустрија и во трговијата на големо и мало. Имено во преработувачката индустрија опфатени се дури 134.462 граѓани, додека во категоријата Трговија на големо и мало 105.666 лица.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.