28 Март, 2025
0.0316

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Србија се врати во земјава

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 21:19

Добивај вести на Viber

ПОВРЕДЕН КОЈ СЕ ЛЕКУВАШЕ ВО СРБИЈА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во странство се врати во земјава. 

Тој е првиот кој се врати од 115-те кои беа префрлени на лекување во странство. Станува збор за пациент кои се лекувал во болница во Белград, во Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот го пречекаа министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски. 

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба. 

УПОЗ БАРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Синдикатот на јавната администрација УПОЗ побара обезбедување за работниците, откако вчера беше објавено дека е пукано кон службеничка во Прилеп.

Маж на возраст од 50 години пукаше и рани вработена во прилепскиот Центар за социјални работи. Пукањето се случило во Центарот за социјални работи нешто пред 14 часот. Напаѓачот избегал од психијатриска установа, но и претходно ја демнел. 

„Со години нанзад Синдикатот на УПОЗ укажуваше дека безбедноста на вработените во Меѓуопштинските центри за социјални работи е непостоечка и дека условите за работа се катастрофални.

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 1.812 ДЕНАРИ

Минималната плата ќе се зголеми за 1.812 денари во нето износ. 

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 година, применувајќи ги законски утврдените критериуми и минималната плата ќе има пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. 

ЈОВАН КОСТАДИНОВ ЌЕ БИДЕ НАГРАДЕН ЗАТОА ШТО СПАСИ 20 ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ

Градоначалникот на Виница, Миле Петков ќе го награди младиот Јован Костадинов за неговиот хуман гест, затоа што на 16 март во Кочани спаси 20 млади луѓе од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“. 

Локалната самоуправа ќе му додели Плакета за храброст и стипендија за високо образование во времетраење од четири години. Предлогот утре ќе се најде на седница на Советот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје, се подготвува за нов директор кој би застанал на кормилото на оваа успешна банка. Како што е познато, во моментов функцијата Претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на банката ја извршува Диомидис Николетопулос.

Регулаторната комисија за енергетика подготвува измена и дополнување на правилата за снабдување со електрична енергија, со што отчитувањето на броилата кај потрошувачите ќе биде на месечно ниво, наместо како досега на секои три месеци. Со тоа се очекува граѓаните да добиваат реални, наместо паушални пресметки, откако голем број од нив во изминатиот период се пожалија дека за месеците декември, јануари или февруари платиле за нешто што не го потрошиле.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

Нисов со видео порака од лекувањето во Полска: Стабилен сум и внатрешно прочистен

Нисов со видео порака од лекувањето во Полска: Стабилен сум и внатрешно прочистен

„ИЗЛЕГУВАЈТЕ, СЕ ЗАПАЛИ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ“: Објавено ново видео од „Пулс“, врисоци и паника меѓу присутните додека трчаат да излезат

„ИЗЛЕГУВАЈТЕ, СЕ ЗАПАЛИ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ“: Објавено ново видео од „Пулс“, врисоци и паника меѓу присутните додека трчаат да излезат