18 Декември, 2025
0.0423

НЕ ДЕКА САКАМ, АМА ЌЕ ГО СТОРАМ ТОА: Трамп за присуството на евентуална средба меѓу Путин и Зеленски

Објавено во: Свет 18 Август, 2025 21:21

Добивај вести на Viber

Имавме многу успешен ден, имавме важни разговори за да го сопреме убивањето и да се сопре војната, рече претседателот на САД Доналд Трамп по билатералната средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а пред разговорите со европските лидери.

„Имав чест да бидам со претседателот Зеленски, покривме повеќе работи. Зборував индиректно со претседателот Путин со кого ќе разговарам по средбата. Се надевам дека ќе имаме трилатерална средба и ќе ја прекинеме војната, зошто немало ништо вакво од Втората светска војна“, рече Трамп.

Тој посочи дека е оптимист дека колекитвно може да спречат идна агресија врз Украина.

„Самитот на Алјаска ми даде надеж. Претседателот Путин прифати да има безбедносни гаранции за Украина. На маса ќе биде и тоа кој што ќе преземе. Оптимист сум дека колективно можеме да дојдеме до договор кој би спречил идна агесија врз Украина. Мораме да разговараме за можна размена на територии, земајќи ги предвид актуелните воени зони. Ќе се обидеме да имаме трилатерална средба најбрзо што може. Мислам дека од тоа ќе излезе нешто многу добро. Ќе договорам средба со претседателот Путин, ако сакате може и јас да присуствувам, не дека сакам, но ќе го сторам тоа, зошто многу луѓе умираат и мора да го спречиме тоа. Сите сакаме итен мир, но претседателот Путин и претседателот Зеленски ќе зборуваат за тоа. Договор за мир може да се постигне во блиска иднина“, рече Трамп.


Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел