НЕ Е ДОБРО ДА СТОЈАТ ПАРИ НА СТРАНСКА СМЕТКА: Премиерот Заев за повлекувањето на авансот за кинеските вакцини
Објавено во: Македонија 01 Март, 2021 11:46
Министерството за
здравство објави вчера дека е повлечен авансот за кинеските вакцини, јас само
можам да го потврдам тоа, истакна премиерот Зораан Заев денеска на настанот
пред Универзалчната сала, каде што Град Скопје ја најави реконструкцијата на
овој културен објект.
Премиерот истакна дека парите се повторно на сметката на МНинистерството за здравство и дека практично се чека потврда од кинеското МНР.
-Не е добро да стојат пари на странска сметка, но процедурата е во тек. Јас и денеска чекам инфортмација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина, истакна премиерот Заев.
Истовремено, тој потенцираше дека не може да се каже конкретен датум кога ќе пристигнат вакцините во земјава, заради тоа што, како што рече, заради проблемот со производството од страна на фармацевтските компании.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




