НЕ Е ДРАСТИЧНО, АМА ТРГОВЦИТЕ ГИ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ - што покажаа контролите на инспекторите
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2022
Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, за Фактор вели дека таа од своите колеги пазарни инспектори била известена дека трговците вчера постапувале по владината одлука и во најголем дел ги намалиле цените на основните производи, иако можеби не драстично.
„На терен беа пуштени меѓу 50 и 60 пазарни инспектори, бидејќи дел од колегите ги користат годишните одмори. Буквално сите пазарни инспектори што се на работа беа на терен цел ден“, ни изјави Симеска Димоска.
Вчера попладнето конкретните податоци од контролите на инспекторите се уште се сумираа.
„Инспекторите беа цел ден на терен и ја скенираа состојбата, се прават записници, и од она за што првично сум информирана до 14.30 часот (вчера-н.з.), е дека трговците веќе ги менуваат цените, односно ги корегираат надолу, и тоа е констатирано во најголемиот број случаи. Можеби намалувањето на цените не е драстично како што јавноста очекувала, но тоа зависи од тоа за колку треба да се намали маржата, а цените се намалуваа меѓу 5 и 10 отсто. Значи, генерално е утврдено дека трговците ги усогласувале цените согласно владината одлука“, објаснува Симеска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.