29 Април, 2024
0.0283

НЕ Е ВО НАША НАДЛЕЖНОСТ, ОДГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ: Но, опасноста од уличните кучиња ги надминува сите граници

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. Голем е бројот на граѓаните кои секојдневно пријавуваат дека се каснати од куче, и тоа некои од нив се здобиваат со сериозни повреди. Освен тоа стравот и траумата стануваат долготрајни и кај оние кои досега воопшто не се плашеле од кучиња.

Фактор поразговара со некои скопјани кои сведочат дека без никаква причина биле нападнати од улични кучиња. 55-годишниот Димитар Н. вели дека во центарот на градот, односно на скопскиот плоштад бил каснат од куче додека возел велосипед.

-Секојдневно поминувам од таму, секогаш сум велосипед. Знам дека во тој дел на градот има многу, особено зошто во тој ред по кејот на Вардар има многу кафанчиња и ресторани и луѓето ги хранат. И тоа е во ред, зошто да се фрла храната, нека ги нахранат. Но, не можев да поверувам дека без никаква провокација оддеднаш ме касна куче во потколеницата. Веднаш бев на лекар, случајот беше документиран, земав оштета од град Скопје, но тоа не е решение. Мојата повреда не беше толку страшна, има луѓе кои се нападнати од по неколку кучиња. Навистина не знаеме каде веќе може да се обрати човек и овој проблем да се реши еднаш засекогаш, посочува Димитар.

Истовремено, граѓани од населбата Тафталиџе, односно од една од поновите згради (Импексел) извесно време пријавуваат дека во влезот има болно куче кое никако не може да го извадат, но од ЈП Лајка добиваат, како што велат „зачудувачки одговор“

-Кучето е болно, мириса цел влез и никој не може да го извади. Мирно е и не се плашиме дека ќе не повреди, но нехумано е така да се остави. Нема ден да не помине, а некој од нас да не се јави во „Лајка“. Од таму ни велат, „кучето не е на јавна површина, ние немаме ингеренции“. Тогаш кој има ингеренции ако не претпријатие кое е создадено и финасирано од градот. Навистина никој не си ја работи работата како што треба.

Уште еден проблем кои ни го посочија граѓани кои работат во фирми кои се наоѓаат меѓу Лисиче и Пинтија е тоа што во тој дел на градот гледаат како секојдневно се оставаат најмалку по три четири кучиња.

-Ги носат со пикапи, со комбиња. Ги вадат и ги оставаат. Од каде ги носат никој не знае. Има и големи и мали кученца туку што родени. Е така се создава проблемот со бездомните кучиња. Постојано пријавуваме со колегите. Никој не ги зема, да не зборувам за Лајка. Еднаш или до два пати ако се заангажираа. Ние самите ги носиме по прифатилишта, а за храна и за стерилизација не знам колку пари сме дале. Ова е проблем кој  се повеќе станува алармантен, а сите остануваат глуви, вели Мила С. од Скопје

А за тоа дека податоците се навистина алармантини во однос на напднати граѓани од улични кучиња за Фактор говори и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Според податоците кои ги добивме од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години.Од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна. Најмногу напади има во Скопје, но и во другите градови. Во Скопје – 1 853 напади од кучиња, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50, вели Ангелов.

Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади.

Според него стерилизацијата е клучна за искоренување на овој проблем.

-Со 75 отсто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов. 

Анита Буховски

ФОТО: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце