НЕ ГИ КРЕВАЈТЕ ЈАКНИТЕ: По 10 јуни голем пад на температурите! Еве што велат метеоролозите
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2023 09:44
Метеорологот Славчо Попоски со нови метео прогнози.
„И во текот на целата наредна седмица во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на локален попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Во случај на појава на локално НЕВРЕМЕ, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, поради тоа што се можни нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така во текот на целата наредна седмица во попладневните часови се очекува развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите остануваат како оние кои ги имавме до сега, односно ќе бидат без промени во поголем дел од следната седмица.
За вистинско лето нема никаква најава, него напротив, после 10-ти јуни на повидок е ГОЛЕМ ПАД на температурите и интензивни врнежи, како и северен ветер. Температурите тогаш ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец јуни. Студениот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров по 10-ти јуни – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.“ објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




