НЕ ГИ ПОГОДИ КРИЗАТА: Руските олигарси трупаат пари
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Мај, 2020
Руските богаташи го зголемуваат своето богатство.
Богатството на руските олигарси расте и покрај корона кризата која го тресе светот.
Бројот на милијардери во државата во последните два месеци скокна од 99 на 101 лице. Нивното заедничко богатство се зголеми од 392 милијарди на 454 милијарди долари, објави „Форбс“.Богатството на петте најбогати Руси од почетокот на пандемијата скокнало за 22,6 милијарди долари и сега вреди 109,5 милијарди долари.
Двајца Руси во време на кризата со Ковид - 19 влегле во кругот на милијардерите, претседателот на советот на директори на концернот „Росиум“, Роман Авдејев и шефот на групата за рибна индустрија „Норебо“, Виталиј Орлов.
Лани Русија имала 98 милијардери со средства во износ од 421 милијарда долари.
Во 2019 година, Германија беше прва во Европа, и трета во светот по бројот на милијардери.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.