21 Септември, 2024
0.0251

Не го купија „Жан Митрев“, но ја купија поликлиниката на Ферки Демировски и Беким Незири

Објавено во: Економија 08 Август, 2024

Добивај вести на Viber

„Американ Хоспитал“, крајниот сопственик од Тирана кој пред една година не успеа да ја купи болницата „Жан Митрев“ иако беа во финални преговори, сепак влезе во Македонија како инвеститор и нов газда на ВФВ Поликлиник, отворена во скопски Бутел пред три години од бизнисменот и поранешен владин бизнис промотор Ферки Демировски и поранешниот министер за економија Беким Незири.

„Американ Хоспитал“ во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија и Косово, каде поседуваат 6 медицински центри, а од таму веќе известија дека во планот за регионално проширување им се Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментот изнесувала 320 милиони американски долари. Сопственик на „Американ хоспитал“ во Тирана, пак, е Balkan Alliance Healthcare, која беше поврзана со контроверзниот албански бизнисмен Клодијан Алајбеу.

На свеченото отворање пред три години на клиниката ВФВ во Скопје, како косопственик заедно со бизнисменот Ферки Демировски беше претставен поранешниот министер за економија Беким Незири, а целото раководство на ДУИ присуствуваше на свеченоста. Исто така, по отворањето на приватната служба за интервенции, поранешниот министер Венко Филипче се обиде да ја внесе во здравствениот систем покриен од државата.

Во последно време здравството како дејност се претвори во златен рудник за приватници со мотиви кои се исклучиво пазарни. Драстично понискиот степен на развој на јавното здравство остава повеќе од доволно непополнет простор што бизнисмените лесно го забележуваат и се обидуваат да го освојат.

Во моментов Феми Незир и Ферки Демировски се крајни сопственици на поликлиниката на примарно ниво ВФВ Поликлиник Скопје, која се наоѓа на територијата на Општина Бутел.

И покрај најавите во текот на минатото лето дека приватната клиника „Жан Митрев“ ќе се продава, раководството на клиниката во септември излезе со информација дека ќе остане старата сопственичка структура.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор