19 Декември, 2025
4.6030

НЕ МНОГУ ДОБРИ МЕТЕО ВЕСТИ: Еве ја прогнозата до среда

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

До среда 11 јуни повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.

Според него, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови очекува локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна  е  и локална појава на краткотрајно невреме со појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/33 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од појава на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/ “, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот