НЕ, НЕ Е НИТУ СДСМ, НИТУ ВМРО-ДПМНЕ: Само овој човек умееше да собере повеќе луѓе и да ги обедини сите!
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2016
Ек на изборна кампања. Врчат митинзи на сите страни.
Се прават статистики која политичка опција може повеќе народ да извади на улица, и која повеќе поддршка добива од граѓаните.
И владеачката партија и опозицијата си ги „измерија“ силите во главниот град.
„Милум или силум“ на улиците на Скопје имаше доста народ и на двата собири.
Според својата агенда, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ветуваат се и сешто. Во последните десет години се изнаслушавме, а богами и се поделивме на „такви“ и „онакви“. Кој како живее си знае сам. Кој колку пари има за да преживее и тој си знае сам.
Меѓутоа, Македонија во својата историја го запиша само името на еден човек кој умееше да ја обедини, без да ја дели по било која основа и да собере повеќе народ од партиите кои не поделија.
Затоа јасно и гласно ќе ви кажеме ... Ни едните ни другите не извадивте толку колку што можеше да извади ТОШЕ . Нашиот Тоше Проески. Само тој умееше да не обедини сите под едно небо, само тој успеа да ја собере цела Македонија на едно место на неговите концерти .
Само тој не правеше поделби како вие што правите. А за разлика од вас беше хуман. Правеше само добри дела. Барем таков го запаметивме.
И додека вие трошите високи суми пари за да донесете граѓани од цела Македонија, трошите финансии за џабе, тој ги даруваше на оние на кои им беа потребни.
Веќе 25 години оваа земја само се смалува и дели. Веќе 25 години народот живее се полошо и полошо.
Веќе 25 години политичката елита зема од народот . А народот се потешко и потешко дише.
Се што треба е да размислите дали на следните избори ќе ви треба упатство за кој да гласате, дали ќе ви треба нечија партиска книшка за да најдете работа. Секој има право сам да одлучи. Бродот кој веќе плови на погрешна страна одамна, сега е време да го исправиме на вистинската.
И додека да помине кампањата, на која и се ближи крајот, за да не ги слушате кој, што, како ветува, пуштете си го концертот на Тоше и уживајте во убавите моменти кои тој од срце им ги даруваше на сите, без разлика на вера и партија.
И.С.