19 Декември, 2025
0.0446

„НЕ НИ ТРЕБА НЕЧИЈА ПОТВРДА ЗА ПОСТОЕЊЕТО, НИ ТРЕБА ПОТВРДА ЗА ВИСТИНСКИТЕ НАМЕРИ“: Милошоски за резолуцијата со Бугарија и зошто таа се предлага

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, синоќа во гостување во Дневникот на Сител телевизија посочи дека Владата има основана доза на скептицизам во врска со прифаќањето на предлогот за заедничка резолуција помеѓу Македонија и Република Бугарија во Европскиот парламент. Скептицизмот, вели Милошоски, се темели на изјави дадени од страна на официјални лица на Бугарија, за кои рече звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик.

– Имаме основана доза на скептицизам, бидејќи изјавите на повеќе официјални лица на соседна Бугарија звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик. За жал, во 21-от век не би требало нормалниот човек тоа да го очекува, но се уште има рецидиви од минатото. Нам не ни треба нечија потврда за постоењето, нам ни треба само потврда за вистинските и искрени или скриени намери на соседа Бугарија, рече Милошоски.

Вели кога би биле во позиција на некоја од скандинавските земји, каде што нема негирање на самобитноста на еден народ и јазик, ние не би имале потреба од заедничка резолуција. 

– Но, кога гледаме дека Бугарија дипломатски и политички атакува на самобитноста на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик ваквите иницијативи можат да бидат корисни. Има скептицизам дали ќе биде прифатено или не, доколку биде прифатено би било позитивно за Македонија, а доколку биде одбиено тогаш барем ќе знаеме на што сме, дали имаат искрени и чесни намери или задни намери. Наша обврска е да понудиме нешто разумно и аргументирано, нешто што ќе значи взаемна почит на македонскиот народ кон бугарскиот и обратно. Дали ќе биде прифатено или не, да почекаме во следниот период, рече Милошоски.

Според него, состојбата во која сега се наоѓа Македонија е резултат на потпишувањето на како што рече контроверзни анекси на Договорот за добрососедство со Бугарија. 

– Затоа прифаќаме критика и од академската фела, прифаќаме сугестии и од јавноста. Но, во секој случај, се обидуваме да поправиме одредени штетни последици, коишто настанаа како резултат на ваквите лесни потписи во име на државата, а коишто сега ги трпиме како штета на идентитетот и самобитноста на македонскиот народ и нашиот јазик, вели Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните