26 Април, 2024
0.0301

Не падна договор меѓу Македонија и Бугарија за Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

 Нема договор за Гоце Делчев, јавија дбугарските медиуми повикувајќи се на изјавата на копретседавачот на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. 

Како што рекол Ангел Димитров, на средба со новинарите по состанок на Комисијата во Софија, постигнатите договори до моментов се незначителни и се уште нема договор во однос на средновековниот период и за Гоце Делчев.

-Добиваме сигнали дека имаме различни претстави со нашите колеги не само за смислата на нашата работа, туку и за разбирањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е доволно убедлив показател дека не сме во состојба да зборуваме за постигнати сериозни резултати. Загрижен сум не само затоа што секој чекор напред е нешто добро, не толку за самиот Договор, колку за односите меѓу луѓето од двете држави. Загрижен сум и затоа што едно од решенијата на Комисијата беше очекувањето за поинтензивна работа со цел да постигнеме определени резултати до крајот на годината околу разговорите за Гоце Делчев и за Илинденското-Преображенско востание, вели Димитров.

Според него, работата по ниту едно од тие прашања не е завршена.

-Тоа е вон нашите можности, се обидовме да направиме што можеме, сега работите се пренесуваат на политичко ниво, прецизира Димитров.

Воедно, додава дека нивниот предлог да се одржи во декември уште една средба, македонскиот тим го одбил, од како што вели, нивни причини, и предложил да се направи голема пауза во контактите некаде до мај.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот