НЕ ПОМОГНА БОЈКОТОТ НА НАСТАВАТА, РОДИТЕЛИТЕ ОД „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ Ѝ НАПИШАА ПИСМО НА МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА: „До кога ќе чекаме решение?“
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2025 13:28
Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ – Општина
Аеродром со отворено писмо до министерката за образование Весна Јаневска изрази
незадоволство од институционалниот одговор на врсничкото насилство. Родителите
тврдат дека веќе подолг временски период системот не успева да се справи со
случај кој, ги загрозува безбедноста и правата на останатите ученици.
„Многу пати се обративме до Вас гледајќи Ве како единствена надлежна за помош и поддршка, но Вие во различни медиумски изјави се прогласувате истовремено и за надлежна и за ненадлежна, префрлувајќи ја топката повторно наназад кон училиштето, службите, општината,“ стои во писмото на Советот на родители.
Тие потенцираат дека училиштето веќе три години ги користи сите законски процедури за надминување на проблемот, но отсуството на поддршка од институциите остава простор за продолжување на насилството.
„Не треба да се промовира само ‘пријави насилство’, а потоа целокупната работа да се сведе само и исклучиво на училиштето, без притоа да се вклучи системот во целост,“ реагираат од Советот, додавајќи дека „до кога ќе се разгледува и ќе се става акцентот на еден ученик наспроти 1510 ученика?“.
Од тие коишто очекуваме барем еднаш да ги разгледаат нашите претставки и да ги заштитат нашите деца, мислиме на ДПИ истите не напаѓаат дека со овој случај сме им отвориле многу работа и сме ги поттикнале и останатите училишта јавно да проговорат со системските и законските потешкотии со кои се соочуваат во насока на сузбивање на врсничкото насилство.
Ве замолуваме уште еднаш под најитно да го решите овој проблем како што стои во добиените препораки од релевантните институции за да не се прашуваме по одреден временски период кога работите би излегле од контрола, каде погрешивме, што можевме да направиме, да го вперуваме прстот во виновникот, да ги бараме тогаш грешките на системот за што тогаш ќе биде премногу доцна.
Деновиве сме сведоци за жал на едни вакви исти пропусти на системот кој поминаа неказнето поради досегашната слабост на системот, а зад нив остана сведок еден млад прерано згаснат живот. Па затоа Ве прашуваме дали и нашите 1510 деца треба да бидат неми жртви на молкот на институциите или конечно Вие ќе бидете лицето на правдата и двигателот на промените кои ќе донесат еднаквост на сите деца во остварување на нивните права.
Ова не е само уште едно просто барање, туку и молба и апел од сите родители од едно од најголемите училишта во државата.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




