Не потпирајте се на Обама, повикаа американските сенатори до Иран
Објавено во: Свет 09 Март, 2015 16:37
47 републиканци од американскиот Сенат сигнализираа со отворено писмо до Иран и Белата куќа, дека евентуалниот договор за нуклеарната програма на Техеран ќе биде под ризик по завршувањето на мандатот на претседателот Барак Обама, соопштува „The Hill“.
Во писмото се вели, додека гледаме за вашите нуклеарни преговори со нашата влада дека вие можеби не сте целосно запознати со нашиот уставен систем, забележуваат сенаторите во писмото, имајќи предвид дека Конгресот го држи последниот збор по ратификацијата на договорот.
Тие истакнуваат два главни делови од уставот на САД - „надлежностите да се прифатат обврзувачки со меѓународни договори и различната природа на федералните служби, кои вие треба да ги прифатите како дел од преговарачкиот процес“.
Сенаторите предупредуваат дека договорот што може да е за период од 10 години, може да е под ризик по напуштањето на Белата куќа на сегашниот претседател Обама во 2017 година, повикувајќи го Иран да не се доверува на американскиот претседател.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




