НЕ РЕАГИРА НИТУ ШКОЛОТО, НИТУ МИНИСТЕРСТВОТО: Нема казна за наставничката што носеше крст со името на Заев
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 15:26
Нема да има казна за наставничката Жанета Петровска од Битола, која на синоќешната прослава на владеачката партија носеше надгробен крст со името на опозицискиот лидер Зоран Заев.
Надлежните институции се оградуваат од настанот и велат дека, инцидентот се случил на улица, затоа нема да се постапува со сакнции кон учителката.
Директорката на училиштето „Свети Кирил и Методиј“ Кристина Полизовска потврдила дека Петрвска е вработена во нивното училиште. Во телефонски разговор за порталот сакамдакажам.мк директорката рекла:
„Нема да коментираме нешто што се случило надвород наставата и школото, ниту пак ќе осудувам. Да се случеше во училиштето, ќе реагирав“, рече таа.
За инцидентот не сакаа да се изјаснат и од инспекторатот во Битола бидејќи како што рекле „не може кривично да гонат некој за инцидент кој се случил надвор од училиштето, туку на улица каде граѓаните ја изразуваат својата волја“.
ВМРО-ДПМНЕ се огради, чинот бил поединечен акт
„Противникот мора да се почитува без разлика какви средства употребувал тој во политичката борба. ВМРО-ДПМНЕ се оградува и го осудува начинот на кој што поединец се однесувал за време на прославата на победата, навредувајќи ги поразените, соопштија од партијата на Никола Груевски.
Осуда од огранокот на опозицијата во Битола
„Како просветен работник но и како човек, бев згрозена од сликата на одделенскиот наставник Жанета Петровска, на која држи крст со името на жив човек претставувајќи го како починат. Наставникот треба да е пример за младите и пример во општеството воопшто, за тоа какви треба да бидеме како треба да се однесуваме како луѓе, вели за Телма Наташа Птеровска, координатор на советничката група на СДСМ во Битола.
Јавноста бара осуда за ваквите чинови
Наставничката имено, работи како одделенски наставник во битолското село Логоварди!
Осудувајќи ги овој нечовечки и чин кој се граничи со помрачување на умот, многумина упатија и апел до МВР – Сектор за внатрешни работи Битола, да го идентификува и вториот сторител од фотографијата и против авторите на оваа бизарна и, слободно ќе речаме, умоболна идеја да преземе соодветни мерки.
Овој случај е и сторено кривично дело „говор на омраза“, кое од 2014 година со воведувањето на новите законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.
И на крај би се запрашале само: Какви луѓе ги учат нашите, вашите, нивните деца? Зарем ова е премерот со кој една наставничка треба да се гордее?
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




