„Не сакам ништо” се наплаќа 0,5 евра, е ова го има само во Црна Гора!
Објавено во: Балкан 10 Април, 2014 08:12
Многу бргу откако под шифрата 119 во фискалната каса ја вовеле услугата “Не сакам ништо”, веројатно сакајќи да останат во рамки на законот и да и платат на државата данок, во локалот се одлучиле да наплаќаат половина евро и за чаша вода.
Несекојдневната политика е последица на метежот кој секојдневно го прават средношколците во кафе барот кој се наоѓа веднаш до училишниот двор.
Келнерите Радомир и Борис тврдат дека учениците кај нив се чувствуваат како дома и неретко си носат храна и пијалок, па дури и дремат во фотељите.
-Доаѓаат десетина, тројца нарачуваат, останатите велат “Не сакам ништо”, вели Борис.
Тој вели дека идејата за наплата на овој одговор била негова.
-Еден ден раговарав со мојот колега и му реков дека би било супер “Не сакам ништо” да се наплаќа по 50 центи, вели тој.
Нивниот разговор го слушнал сопственикот на локалот Никола Лакушиќ на кого му се допаднала идејата по што новата понуда била воведена на менито.
Од тогаш средношколците многу ретко нарачуват “Не сакам ништо” и чаша вода.
И учениците немаат ништо против. Средношколците Милош и Катарина кои се втора година средно мислат дека потегот е паметен.
-Доаѓаат петнаесетина, нарачуваат две кафиња и прават непотребна гужва, вели Милош.
Понудата на менито им се допаѓа на сите, а откако е воведена учениците велат дека келнерите станале уште пољубезни кон нив па им ги исполнуваат и музичките желби. Оваа понуда веќе им носи и нови гости.
- Откако се појавивме во медиумите добиваме секојдневно група на гости кои доаѓаат само за да нарачаат “Не сакам ништо” и чаша вода, вели Радомир.
Сметките сите ги плаќаат без проблем и доаѓаат повторно.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




