Добивај вести на Viber
Владата oбјави дека конфискуваниот имот на Драган Даравелски ке биде ставен на лицитација зa две недели.
Според податоците на Владата, на лицитација ќе се најде станот на Даравелски во Скопје и негов имот во Куманово. Барем засега, тоа е податокот со којшто располага Агенцијата за управување со конфискуван имот. Станува збор за недвижен имот вреден 1,5 милиони евра.
Неофицијално се дознава дека освен за имотот што ке биде објавен на лицитација, постапка се води и за друг имот кој е префрлен на име на починатиот татко на Дарвелски, но сега се чека прво да биде направена поделбата на тој имот на наследниците за да се види дали државата ќе му конфискува и продаде дополнителен имот на Даравелски. Владата објави дека е извршена конфискација и ќе се продава имот одземен од Миодраг Марковиќ кој беше во блиски релации со Даравелски.
Кумановецот Драган Даравелски е еден од ретките функционери во независна Македонија осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година.
Кој е Драган Даравелски?
Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во Буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината, на други институции, како што веќе напиша Фактор.
По ваквите обвинувања и по почнувањето истражна постапка против него, тој се одметна од државава. По неколку години се дозна дека неговото ново живеалиште е Белград, Србија. По заедничка акција на македонската и српската полиција тој во во 2006 година беше уапсен, но додека чекаше во екстрадиционен притвор да биде донесен во земјава, која го бараше со потерница, успеа на мистериозно брз начин да се стекне со српски пасош и со тоа да си го продолжи животот на слободата.
Во негово отсуство започна судскиот процес и финишираше пролетта 2007 година. Даравелски беше осуден на 7 години затвор и беше наредена конфискација на негов имот во вредност на штетата што ја направил на државата. Откако завршија сите жалбени процедури и отсранети сите правни пречки, во 2010 година државата започна да го запленува имотот што успеваше да го детектира. Меѓу нив се и луксузниот стан во Скопје и дуќанот во Куманово, вредни околу 200.000 евра, за кои владата деновиве донела одлука да ги продаде.
Освен имот на негово име, беше запленет и имот зад кој формално стојат други лица, но државата успеа да ги доведе во корелација со Даравелски. Најважниот од нив е црногорецот Миодраг Марковиќ, чија вила на Водно вредна 1,4 милиони евра исто така ќе биде дадена на продажба. Тој е осуден и одлежува затворска казна во Идризово за перење пари во висина од 8 милиони евра.
Даравелски ќе биде екстрадиран!?
И покрај конфискациите и кривичниот прогон, упатените велат дека Даравелски се уште е многу богат човек. Колку имот има во Србија каде што претстојува веќе цела деценија никој не знае, но затоа се уште се доведува во корелација со многу фирми во земјава. Каква ќе биде нивната судбина се уште не е јасно, но се чини дека кругот околу Даравелски се стега и тој наскоро може да се соочи и со вториот дел од пресудата и да заврши зад решетки. Лани, под притисок на Европската унија, Македонија и Србија потпишаа спогодба за ектрадиција на осомничени за тешки кривични дела, а многумина во него препознаа создавање на терен за враќање на Даравелски во Македонија.
Владата објави конфискација и на имотот на Славија
Агенцијата за управување со одземен имот ќе ја отпочне постапката за продажба на АД „Славија“, која е акционерско друштво каде 98 отсто сопственост и управувачки пакет има акционерот -Агенцијата за управување со конфискуван имот, чиј основач е Владата, беше соопштено денеска.
„Сопствеништвото, како и управувачкиот пакет над акциите на Славија е пренесено на Агенцијата при конфискацијата на 4.285 акции од лицето Кирил Кочовски, врз основа на правосилна судска пресуда за сторено кривично дело и решение за конфискација. Според истата пресуда Кочовски ја оштетил Република Македонија за 97.612.997 денари“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според проценките на Бирото за судски вештачења, имотот на АД „Славија“ што го поседува друштвото изнесува околу 25 милиони евра, додека како што посочи Ѓорѓиев, обврските на друштвото за платите за вработените, кон доверителите, кон државниот ФПИОМ и сите останати се околу 17 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: