НЕ САМО ВО ГТЦ, КРИПТОВАЛУТИ СЕ КОПАЛЕ И ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ - раководното лице збележало поголема потрошувачка на струја во канцеларија и пријавило во МВР
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2021 13:57
Во текот на вчерашниот ден инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР за ТВ21.
Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.
По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




