19 Декември, 2025
0.0438

НЕ СЕ ОТКАЖУВА ТРИ ДЕЦЕНИИ: Прилепчанец има интересна пасија

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020 06:55

Добивај вести на Viber

Златко Ангелески од Прилеп, има необична пасија. Тој повеќе од 3 децении собира поштенски марки и разгледници.

Ангелески поседува над 120.000 поштенски марки и 15.000 разгледници од целиот свет. Со ова хоби се занимава до ден денес и ужива во колекционерството.

„Поштенски марки почнав да собирам кога бев шесто-седмо одделение, некаде 1984/85 година. Интересот кон филателијата во мене ја разбуди мој комшија. Уште во тоа време бев член на Југословенското филателистичко здружение и марките и списанијата ги добивав по пат на размена. Во текот на војната 1991 година контактите прекинаа, па беше доста тешко да се најдат филателисти за размена. Со појавата на интернетот повторно се најдовме старите пријатели, па најпрво од бившите ЈУ простори, а потоа и со филателисти од целиот свет повторно се активирав. Денес има неколку специјализирани веб страници кои нудат можности за следење на филателистичките изданија, контакти за размена, како и правење на сопствени каталози со што имаме поголема видливост на понуда и размена. Марките најчесто ги добивам по пат на размена, но ако ги нема некои во понуда што ме интересираат, тогаш ги купувам“, вели Ангелески.

Но, додава дека откако станал родител, и децата ги „заразил“ со ова хоби.

„Нив им стана интересно тоа кога ќе го видеа сандачето полно со писма, па така и нив ги „заразив“ со оваа моја пасија. Тие се зачленија во специјализиран сајт за класично допишување со разгледници, па така почнавме со собирање на разгледници“, додава Ангелески.

Вели дека желбата на неговите деца е да имаат разгледници од целиот свет.

„Разгледници имаме добиено од преку 150 земји, а марки речиси од сите држави во светот, но имаме и од оние кои веќе не постојат. Секојдневно испраќаме писма по цел свет за размена “, раскажува Ангелески.

Овој прилепчанец вели дека колекционерството за него е одмор, релаксација, активност која го смирува по напорен ден, а целта му е да собере разгледници од целиот свет.

Ангелески раскажува дека најмaлку размени прави со Македонци, во земјава има многу колекционери, но оние кои се негова целна група се малку.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот