19 Декември, 2025
0.0689

Не се само за чушки и френки – струмичани фатени во сајбер криминал

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2014 13:46

Добивај вести на Viber

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до обвинителството во Струмица поднесе кривична пријава против лицата Р.М.(30) и А.Д.(33), и двајцата од Струмица поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „помагање“ во врска со првото кривично дело. Како што информира денеска МВР, Р.М. со намера да се стекне со противправна имотна корист во периодот од 2008 до 2012 година прибавил на интернет банкарски податоци од вистински платежни картички, вкупно 14.825 броеви од платежни картички. Изработил една лажна платежна картичка на тој начин што на задната магнетна лента од оригинална платежна картичка, издадена од банка од Република Македонија, вметнал банкарски податоци од вистинска платежна картичка. Првопријавениот податоците од носители на вистински платежни картички ги препродавал преку интернет за што добивал одредена парична надомест. Второпријавениот А.Д. му помагал на Р.М. така што со негова дозвола примал парични средства кои потекнувале од продадените платежни картички, кои потоа ги подигал и му ги предавал на првопријавениот за што добивал одредена парична надомест. По претходно издадена наредба од Основниот суд Струмица извршен е претрес во домот на првопријавениот каде пронајдени и одзмени се компјутерска опрема како еден лап-топ, едно куќиште од персонален компјутер, еден внатрешен хард-диск, едно УСБ, платежни картички и други работи. По добиеното вештачење на компјутерската опрема и извршената анализа, утврдено е дека Р.М. на магнетната лента на оригинална платежна картичка од банка во Република Македонија на име неговиот татко, ги променувал податоците и нанесувал податоци од лица странски дрежавјани и нивните вистински банкарски податоци. Во лап-топот, куќиштето од персоналниот компјутер, внатрешниот хард-диск и УСБ-то, пронајдени се 14.825 броеви од платежни картички, податоци за сопстсвеници на е-мајлови, податоци за сопственици на електронски сметки, називи на банки, целосни податоци од магнетната лента на платежната картичка (име и презиме, датум на важење и други податоци поврзани со банкарските сметки). Утврдено е дека од сервисите за брз трансфер на пари „Western Union“,„DMTH- MoneyGram“ и „Унија Финансиска“, Р.М. и А.Д. во периодот од 2008 до 2012 година ја користеле оваа услуга за да ги добијат паричните средства за продадените податоци од платежни картички на лицата на кои им ги продавале од различни земји како Бугарија, Русија, Украина, САД, Грција, Словенија, Романија. Испраќале парични средства на оние лица од кои Р.М. купувал податоци од платежни картички, при што првопријавениот примил 2.679 евра, 1.150 американски долари, а извршил испорака на 1.566 американски долари, додека второпријавениот А.Д. примил 1.905 евра.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка