18 Декември, 2025
0.0668

НЕ ЗБОРУВААТ АНГЛИСКИ, НЕ СЕ ВЕШТИ СО КОМПЈУТЕРИ: Oвие луѓе треба да излезат од бесперспективноста, но како?

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Во Македонија сѐ уште има луѓе кои не говорат англиски јазик, но и не се особено вешти во работата со компјутери, што ги ограничува на пазарот на трудот да најдат подобро работно место. Тешко наоѓаат ангажман, работат на пониски работни позиции каде платите не се атрактивни, а доколку ја изгубат работата, наоѓањето на нова работа сепак не оди брзо и лесно токму поради недостигот на вештини.

Чистачки, нега на стари лица тука во земјава, продавачки, тоа можат да го работат или некоја физичка работа. Англискиот јазик секако дека им треба за некое подобро работно место, но компјутерските вештини се дури побитни“, додаваат од скопска агенција за посредување при вработување.

Ако ги погледнеме податоците на Агенцијата за вработување, тие покажуваат дека невработени се 55.984 луѓе без образование или само со основно и нив им се потребни вештини. Катерина Златановска-Попова, советничка за развој на кариера објаснува дека никогаш не е доцна луѓето да инвестираат во своето знаење.

„Никогаш не е доцна да се научи нешто ново. Најважно е да се зачува љубопитноста, да се има отворен ум и да се побара помош. Малите чекори — еден бесплатен курс, едно ново искуство, еден обид да се истражи нова функција на паметниот телефон — можат да бидат голем почеток кон поактивен, исполнет и самостоен живот. Постојат активни проекти во моментот преку кои се реализираат бесплатни обуки, програми за доедукација финансирани од различни институции за различни целни групи и возрасти и е вистинска штета да не се одвои и инвестира време за да се стекнат нови вештини кои не само што ќе значат поголема вработливост, поголема конкурентност на пазарот на труд и можност за подобро платена позиција туку автоматски ќе влијаат на поквалитетен живот“, вели Златановска-Попова.

Додава дека важно е да се започне од мали, реални чекори и верба дека учењето нема рок на траење. Дури и оние кои не зборуваат англиски и немаат компјутерски вештини можат постепено да излезат од тој круг на бесперспективност, но потребно е прво да се смени начинот на размислување — од „јас тоа не можам“ или „премногу сум стар/а сега допрва да учам“ кон „ќе пробам по малку секој ден“. 

„Многу е поважно да се открие што навистина сакаат или можат да прават добро – тоа може да биде занает, готвење, рачна работа, работа со луѓе, грижа, услужни активности. Потоа, можат да се поврзат со локални организации, општини, невладини, младински или едукативни центри кои нудат бесплатни курсеви по основна дигитална писменост и јазици. Дополнително, еве неколку едноставни совети кои може да се применат:1. Учете по малку, секој ден. Постои изрека: „Една нова вештина годишно, пет нови за пет години“. Денес има програми и обуки специјално дизајнирани за постари лица – на македонски јазик, без технички жаргон. 2. Учете работи кои ве интересираат, не со притисок. На пример, ако некој сака да готви, може да научи како да пребарува рецепти онлајн, и така природно ќе се запознае со компјутерот и со некои англиски зборови. 3. Поддршка од семејството и заедницата. Најбрз напредок има кога помладите членови на семејството, пријателите кои се поискусни или соседи помагаат, подготвени се да ви покажат и не осудуваат. 4. Прифаќање дека секој почеток е тежок, но можен. Има многу успешни примери – жени од рурални средини кои започнале сопствени мали бизниси откако научиле да користат Viber, Facebook или Canva за промоција и продажба на нивните производи. 5. Бидете упорни. Упорноста е клучна за совладување на секоја вештина. Учете од грешките и продолжете понатаму. 6. Најдете радост во совладувањето на малите цели. Поставете си мали цели кои кога ќе ги достигнете, не пропуштајте да ги прославите и да си честитате на успехот. За крај, ќе кажам само уште ова, инвестицијата во себе, своите вештини и знаење е највредната и најдобрата инвестиција што може една личност да ја направи“, додава Златановска-Попова.

Во многу огласи за вработување е наведено дека кандидатот треба да го познава англискиот јазик и да има добри компјутерски вештини, а често се споменува и дека познавање на втор јазик ќе се смета за предност. Постарите генерации учеле француски, германски или руски јазик во образовниот процес, а сега англискиот е најпотребен во работната средина. 

Според податоци на Евростат објавени пред неколку години,  31.7 отсто од македонските граѓани не зборувале ниту еден странски јазик.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје