НЕ ЗНААТ КОЛКУ ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ ИМААТ: За оваа компанија никогаш не сте слушнале, а таа е најбогата на цел свет
Објавено во: Свет 13 Декември, 2017
За компанијата Saudi Aramco најверојатно никогаш не сте слушнале, а токму таа е најбогата компанија на светот, побогата дури и од Епл и Амазон.
Saudi Aramco е нафтена компанија од Саудиска Арабија чија вредност се проценува помеѓу два и дваесет трилиони американски долари.
Годишните приходи на Saudi Aramco нафтената компанија „أرامكو السعودية“ изнесуваат 311 милијарди долари, додека приходот на Амазон е 135, 98 милијарди, а на Епл 156,50 милијарди.
Најбогатата компанија на планетата според нафтени резерви е втора на цел свет со 260 милијарди барели и под нејзина управа се наоѓаат преку 100 нафтени и гасни полиња во Саудиска Арабија.
Saudi Aramco има повеќе од 65 000 вработени.
Оваа компанија од 1980 година се наоѓа во целосна сопственост на владата на Саудиска Арабија а нејзиното седиште се наоѓа во Dhahran.