16 Декември, 2025
0.0571

Недела ќе биде неработен ден, но ќе има исклучоци

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2021 18:59

Добивај вести на Viber

Недела ќе стане неработен ден, но ќе има и исклучоци. 

„Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправост и заштита на работничките права. 

На  седница на економско социјалниот совет денеска се разгледуваше драфт текстот за законското решение за „недела неработен ден". Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата, недела да се прогласи за неработен ден. 

За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат.

Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка.

За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.

Предлог законот за работни односи, од кој дел е и решението „недела неработен ден“ е се уште во работна верзија и се консултира со сите засегнати страни. Синдикатот бараше недела да биде неработен ден. Италија, Франција, Португалија, Унгарија се земји каде мнозинството работници не работат во недела. Во Данска и Холандија неделата најчесто е работен ден. Во ЕУ, Хрватска е една од земјите со највисок процент на работници кои работат во недела, според Евростат. 

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години