19 Декември, 2025
0.0425

Неделен Фактор - Страв и параноја во Македонија, врв на политикофобијата

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Модерната психологија започнува да истражува ново поле на нерационален страв, а доколку не верувате политикофобијата станува се пореална и се манифестира кај се поголем број на гласачи. Препознатливи знаци на политикофобијата се: Не ме прашувај брат за кого ќе гласам, сите се исти. Што ако излезам на гласање, и така се е веќе решено. А, да не снимаат на гласачките кутии? Ќе одам покасно на гласање, кога не се гледа, сомнителен ми е Миле од 5-ти, нон стоп виси по штабови, знае дека не сме од неговите.

Политикофобијата освен страв од откривање за тоа на чија страна припаѓате, на кого сме му го дале гласот и дали веќе ве обележале, се манифестира и со израз на страв и очај дека нешто може суштински да се смени: Е што, сега едниве да ги смениме за другиве да дојдат да крадат! Баталете луѓе политика, гледајте си го здравјето, нема леб таму. Ма, сите лажат, и да гласам ќе гo исчкртам ливчето или ќе го допишам Чак Норис, ќе видат они убаво!

Причини за страв има многу, особено во текот на предизборната кампања, па многумина денот за изборен молк го чекаат како Бадник или Рамазан. Ден кога ќе можат да одморат од црните пропаганди и прогнози за пропаст на државата. Убаво саботно расположение за моменти со вашите најблиски кои не можат да бидат расипани од отровните усти на политичарите од кои во еден момент тече „мед и млеко“ за тоа колку ќе ви биде поубаво по изборите, за веднаш потоа да прераснат во Дедо Ное со библиски пророштва за крах, за пеплосување на Македонија, за поделби, криминали, федерализации, двојазичности, бакрачи, на баба ви чифтијаните.

Политикофобијата освен со страв од политичката иднина на земјата по изборите се манифестира и со страв од самите политичари. Родителите веќе ги научија финтите и кога децата не се „палат“ на Баба Рога се користат со вештите трикови: Измиј си ги забите, ќе те пратам лопати да фрлаш. Јади го зеленчукот, да не дојде „Црпнатиот“ на нива да работиш! Некои од родителите пак, почнуваат и со двојазични педагошки лекции за своите деца, за да ги спремат за тешката иднина, но не за друго, туку на нив да им биде полесно. Pasha Zotin.

Кога веќе ги детектиравме симптомите време да разгледаме и неколку контра мерки. Меѓу нив се: Мора ли навистина да ги гледате сите митинзи на ТВ, вежбајте ги прстите за „јавање“ на ТВ каналите, на еден сигурно ќе начекате некој спортски натпревар или српско талент шоу, верувајте и шабанариите во овој момент за некој се поподносливи од зарипнатите грла на политичарите кои секој ден ги повторуваат истите пораки.

Исто така бидете порешителни, кога ќе ве прашаат, абе ај кажи за кого ќе гласаш, не се секирај ништо страшно ако те пишам на список во партија, кажете му: Ич да не ти гајле. И така тоа е ваше загарантирано уставно право.

Со повеќе одбрамбени механизми стрпливо чекајте до денот на изборите, излезете од филмот „Страв и параноја во Македонија“ кој сакаат секој ден да ве натераат да го гледате, испуштете ги сите ваши предизборни фрустрации и „одмаздете“ се кај гласачката кутија. Со ќеиф земете го пенкалцето, заокружете, искрчтајте ако сакате некое постимпресионистичко дело, напишете и пцовка ако така ви е полесно, но преземете акција, бидете луѓе со став и надминете ја политикофобијата.

Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината