Неделна временска прогноза: Какво време не очекува деновиве?
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 09:13
Новата работна недела е пред нас, а каква временска прогноза не очекува?
Последниот понедленик за овој јануари нема да биде нешто поразличен од досегашните студени денови.
Прилично студено утро речиси ширум земјава. Во поголем дел од котлините температурата ке се спушти до вредности помеѓу -13°С и -9°С.
Утрото ќе биде претежно облачно низ котлините, а така ќе биде и во поголем дел од денот, но со тенденција за локално намалување на облачноста, но поизразено на повисоките места.
И во главниот град денот ќе биде претежно облачен со температурни вредности под 0°С.
Умерено облачно време со сончеви не очекува во првите два до три дена од оваа недела.
Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на покачување како утринските така и дневните. Сево ова е поради јужното воздушно струење кое ќе настапи во текот на неделата која ни претстои.
Некаде до средината на неделата минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до -1 степен додека на некои места истите е можно да се спуштат до околу -10 степени што значи полека минималните температури ќе се покачуваат.
Максималните температури ќе се движат некаде во интервалот од -1 до 5 степени додека веќе од средината на неделата ќе започнат да се покачуваат.
Во пораст ќе бидат и минималните температури кои ќе се спуштат во интервал од -4 до 2 степени што значи дека понекаде и минималните температури веќе ќе останат во позитива (малку над нулата).
Во петок и во сабота ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини (врнежите ќе бидат слаб до умерен интензитет).
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




