19 Декември, 2025
0.2160

НЕДОСТИГ НА ЛЕКОВИ, ПОВЛЕЧЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОЦЕЊЕ НА ГРАДБИ - Ревизорите со бројни забелешки за работењето на Министерство за здравство

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 11:12

Добивај вести на Viber

Ревизијата на Министерството за здравство за 2023 година утврди дека 23 програми за здравствена заштита се реализирале со недоволни средства, што влијае на ликвидноста на Јавните здравствени установи, отсуство на лекови во определени периоди и слабости во контролите. 

Исто така, капиталните проекти, вклучувајќи ги изградбата на нови клинички центри, се соочуваат со долгорочни застои и финансиски импликации на вкупната вредност на проектите, што влијае на достапноста и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните.

Ова се дел од главните забелешки на Државниот завод за ревизија кој направи ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Министерството за здравство за 2023 година, при што за утврдените состојби, неправилности и неусогласености издадено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. 

- Во 2023 година, за спроведување на 23 здравствени програми биле обезбедени 5,3 милијарди денари, што не било доволно за навремено и целосно подмирување на обврските кон јавните здравствени установи и дополнително ја влошило нивната ликвидност - се посочува во извештајот.

Ревизорите констатирале повеќе недоследности во евиденциите, спроведувањето и известувањето во рамки на програмата за лекување ретки болести во 2023 година, во рамки на програмата за обезбедување инсулин, како и во програмата за рано откривање на малигни заболувања.

Ревизијата утврдила дека недостасуваат јасно дефинирани мерливи индикатори, опфатот на населението е низок, а дел од пациентките чекале долго или не добиле резултати од скринингот за рак на грло на матка и рак на дојка, што значително го намалува влијанието на превентивните мерки.

Во делот на капиталните инвестиции, ревизијата упатува на сериозни предизвици во спроведувањето на проектите.

- За изградба на Општа болница Кичево утврдени се состојби кои предизвикале значителни финансиски импликации врз вкупната вредност на проектот, долгогодишно одложување на обезбедување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните, како и ризик од дополнителни трошоци во зависност од исходот на судската постапка што е во тек - се посочува во извештајот.

Ревизијата покажала дека и покрај тоа што активностите за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, преку проект финансиран со заем од CEB (Банка за развој при Советот на Европа), започнале во 2015 година, истите сè уште не се завршени.

- Откажувањето на компонентата за изградба на Клиничкиот центар во Скопје, пролонгирањето на роковите и раскинувањето на договорот за Клиничкиот центар во Штип резултирале со покренување на арбитражни постапки за отштетни побарувања во вкупен износ од 45 милиони евра. 

Истовремено, од вкупниот заем од 97 милиони евра, неповратно се повлечени 83,4 милиони евра од страна на кредиторот, односно средствата повеќе не се достапни за државата поради нивно неисполнување на условите и нереализација на проектот во предвидениот рок - се наведува во извештајот.

Во рамките на нагласување на прашања, ревизијата укажува дека иако повеќе од 90 отсто од градежни работи на ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид и Градска општа болница Струмица , кои започнале уште во 2015 и 2016 година, се завршени, се уште не се обезбедени услови за пуштање на објектите во употреба.

Ревизијата покажува дека причините за доцнењето се бројни: пролонгирање на рокови, склучување на голем број анекси поради пропусти во проектната документација, пораст на цените на градежните материјали, како и покренати судски постапки.

- Овие состојби предизвикале значително зголемување на трошоците и одложување од речиси 10 години во обезбедувањето на подобри здравствени услуги за граѓаните - се наведува во соопштението.

Ревизорите утврдиле недоволен опфат со вакцинација на населението, кој се движи од 56,3 отсто до 87,7 отсто, со особено намалување по пандемијата во 2020 година, а главните причини се зголемената недоверба на граѓаните во безбедноста на вакцините и одложувањата во спроведување на вакцинацијата со одредени вакцини.

Во делот клучни ревизорски прашања, ревизијата посебно го анализирала статусот, кадровската екипираност, финансирањето и начинот на функционирање на Единицата за имплементација на проектот за изградба на нов клинички центар .  

- Ревизијата исто така известува за расположливите неискористени средства на проектната сметка во износ од 517.251 илјади денари, односно  8,4 милиони евра од кои 6,01 милиони евра се по основ на активирани банкарски гаранции за квалитетно извршување на договор, наплатени од изведувачот при раскинување на договорот за  изградба на Клинички центар Штип, а додека пак 2,4 милиони евра се повлечени а неискористени средства од кредитот. Дополнително, се укажува на неизвесноста околу идните трошоци кои ќе треба да се покријат од овие средства - се наведува во сооопштението.

За надминување на констатираните состојби ревизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината